АМПЕРСАНД партнер на Занаетчиска комора Скопје во рамките на проектот Youth Empower

АМПЕРСАНД партнер на Занаетчиска комора Скопје во рамките на проектот Youth Empower: Building Skills, Creating Futures поддржан од страна Европска комисија има потреба од  УСЛУГИ за експертиза – Креирање на стратегија за дигитален маркетинг и водење на социјални медиуми  за АМПЕРСАНД

Доколку сте заинтересирани ве молиме да ги преземете документентите за тендерот од следниот линк(кликнете на зборот линк).                                                                                      

Тендерската документација да ја доставите  во канцеларијата на АМПЕРСАНД на ул.Никола Минчев бр.7 Скопје, не покасно од 16.08.2024 до 16:00 часо

Упатство за спроведување на самоевалуација на процесот на УПР во средното стручно образование

УПАТСТВО ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА САМОЕВАЛУАЦИЈА НА ПРОЦЕСОТ НА УПР ВО СРЕДНОТО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ (MK, 20.06)

УПАТСТВО ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА САМОЕВАЛУАЦИЈА НА ПРОЦЕСОТ НА УПР ВО СРЕДНОТО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ (АЛБ 20.06)

Состанок на партнери – транснационални средби во Лесковац,Србија партнери во проектот Зелен пат-Партнерство на зелен бизнис

На 28.05.2024 и 29.05.2024 во просториите на Центарот за развој на Јабланички и Пчињски регион,се одржа ДВОДНЕВЕН ПОЧЕТЕН СОСТАНОК НА ПАРТНЕРИ/ТРАНСНАЦИОНАЛНИ СРЕДБИ #1 ВО ЛЕСКОВАЦ СРБИЈА, партнери во проектот Зелен пат – Партнерство за зелен бизнис.

Целта на овој настан е официјализирање на соработката, презентирање и усвојување документи и алатки за управување со проекти. Во работна и пријателска атмосфера, партнерите на проектот, Центар за развој на Јабланичкиот и Пчињскиот регион и Занаетчиската комора Скопје, со потпишување ја официјализираа соработката на проектот Зелен пат – Партнерство за зелен бизнис Договор за партнерство. Формиран е Управен одбор на проектот и усвоени се оперативни документи за непречено спроведување на проектот.

Членовите на Управниот Одбор на проектот го изразија своето големо задоволство од работата на членовите на проектниот тим, партнерската атмосфера што владее помеѓу членовите на проектниот тим и најавија нивна понатамошна поддршка со цел ефективно спроведување на проектот и постигнување високи квалитетни резултати од проектот.

 

Креирање на стратегија за дигитален маркетинг и водење на социјални медиуми  за АМПЕРСАНД за проектот Youth Empower: Building Skills, Creating Futures

АМПЕРСАНД партнер на Занаетчиска комора Скопје во рамките на проектот Youth Empower: Building Skills, Creating Futures поддржан од страна Европска комисија има потреба од  УСЛУГИ за експертиза – Креирање на стратегија за дигитален маркетинг и водење на социјални медиуми  за АМПЕРСАНД.

Доколку сте заинтересирани ве молиме да го пополните следниот прашалник и да ни го составите на следниот маил: ampersand.skopje@gmail.com   или директно во канцелариите на АМПЕРСАНД на ул.„Партизански Одреди“, бр.8/21 Скопје, не покасно од 31.05.2024 до 16:00 часот.

Превземи прашалник

Тендер за Youth Empower: Building Skills, Creating Futures

Занаетчиска комора Скопје во рамките на проектот Youth Empower: Building Skills, Creating Futures поддржан од страна Европска комисија има потреба од  УСЛУГИ  за дизајн и печатење на промотивни материјали

Заинтересирани можат да ги симнат документите за набавката на следнив линк(кликнете на зборот линк)

Тендер за Youth Empower: Building Skills, Creating Futures

Занаетчиска комора Скопје во рамките на проектот Youth Empower: Building Skills, Creating Futures поддржан од страна Европска комисија има потреба од набавка за Истражување за постојниот јаз во вештините помеѓу учениците од училиштата за стручно образование и обука и барањата на претприемништвото (социјално) во занаетчискиот сектор.

Заинтересирани можат да ги симнат документите за набавката на следнив линк (кликнете на зборот линк).

Youth Empower: Building Skills, Creating Futures

Занаетчиска комора Скопје во рамките на проектот Youth Empower: Building Skills, Creating Futures поддржан од страна Европска комисија има потреба од Услуга за експертиза – Истражување за постојниот јаз во вештините помеѓу учениците од училиштата за стручно образование и обука и барањата на претприемништвото (социјално) во занаетчискиот сектор и УСЛУГИ  за дизајн и печатење на промотивни материјали.

Доколку сте заинтересирани ве молиме да го пополните следниот прашалник и да ни го составите на следниот маил: sirma@zkskopje.org.mk најдоцна до 09.05.2024 до 16.00 часот.

TD Prasalnik-analiza na pazarot – Service study

TD Prasalnik-analiza na pazarot – Service study

Со почит,

М-р Сирма Илијоска Трифуновска

Стручен соработник за работа на проекти и меѓународна соработка

Занаетчиска комора Скопје
ул. Битпазарска бр.12, 1000 Скопје, Р. Македонија
тел.факс/ + 389 2 3 237-850, моб. 070 348-086

Проектот Зелен бран – Партнерство за позеленување на бизнисот

Во рамките на програмата ЕРАЗМУС +акциите КА210 – , Мали партнерства во образованието на возрасните, Центарот за развој на Јабланичко – Пчињскиот регион  и Занаетчиската комора на Скопје го спроведуваат проектот Зелен бран – Партнерство за позеленување на бизнисот.

Целта на проектот е да се поддржи развојот на зелените вештини на малите и средни претпријатија и претприемачи. Како дел од проектот ќе се унапредат знаењата и вештините на давателите на услуги до малите и средни претпријатија и претприемачи, ќе се подготви и пилотира методологијата на програмите за позеленување на бизнисите наменети за малите и средни претпријатија и зелената транзиција на малите и средни претпријатија, претприемачите и социјално-економските партнери ќе се охрабрат преку размена на најдобри практики и искуства. Се очекува проектот да резултира со подобрени компетенции на давателите на услуги кон малите и средни претпријатија и претприемачи во областа на позеленувањето на бизнисот, зголемени практични зелени вештини на сопствениците и вработените во малите и средни претпријатија и дека најдобрите зелени практики во позеленувањето на претпријатијата ќе биде промовирани и дистрибуирани до сите заинтересирани страни во Република Србија и Република Северна Македонија.

Проектот започна со реализација на 01.04. 2024 година, а проектните партнери ја организираа првата консултативна работна сесија на 2 април 2024 година во Лесковац во просториите на Центарот за развој Јабланичко – Пчињскиот регион. На состанокот, меѓу другото, назначените членови на проектниот тим го дефинираа планот за работа за првиот квартал од реализацијата на проектот. Времетраењето на проектот е 18 месеци.