Профил

Занаетчиска комора Скопје

Занаетчиската комора Скопје е самостојна,независна,невладина ,непрофитна асоцијација на занаетчиите на Град Скопје кои се организирани за да бидат соодветен партнер  во политиката за создавање поволни услови и клима за развој и унапредување на занаетчиството,подобрување на квалитетот на производите и услугите преку подобрување на човечките ресурси со спроведување на обуки,презентации,стручно оспособување на занаетчиите и подобрување на стручното образование за добивање квалитетен кадар ( стручно и практично оспособен) ,презентација и промоција на занаетчискитепроизводи и услуги во земјата и странство преку организирање на изложби,презентации,саеми,како и пружање на услуги .Основана е 1932 година.

Занаетчиската комора е асоцијација чија организациска структура ја сочинуваат секции кои ги организираат членовите занаетчии според една или повеќе сродни занимања.при одржување на избори тие предлагаат свои претставници за првото конститутивно Собрание на кое се верификуваат членовите на собранието и од нив се избираат членовите на Управниот одбор и Надзорниот одбор.Со изборот за член во Управниот или надзорниот одбор им престанува членството во Собранието.Собранието избира Претседател на Собранието,Претседател на Комората кој е и Претседател на Управниот одбор.

Управниот одбор за својата работа одговара пред Собранието.

Надзорот над работењето на Комората го врши Надзорниот одбор кој брои пет члена и извештајот го доставува до Собранието.

Комората има стручна служба со шест вработени  со  која раководи Извршен директор .

Главни цели и задачи на Комората се :

  • Регистар на занаетчии,

  • Регистар на вршители на занаетчиска дејност

  • Регистар на ученици на практична обука,

  • Регистар на мајстори  што значи има едношалтерски систем за отпочнување ,промена и престанок на вршење на занаетчиска дејност,

  • Советување при отпочнување на бизнис

  • Тековно советување на своите членови за нивните права и обврски,

  • Правна заштита,

  • Даночно советувење,