Организациона поставеност

Занаетчиската комора е асоцијација чија организациска структура ја сочинуваат секции кои ги организираат членовите занаетчии според една или повеќе сродни занимања.при одржување на избори тие предлагаат свои претставници за првото конститутивно Собрание на кое се верификуваат членовите на собранието и од нив се избираат членовите на Управниот одбор и Надзорниот одбор.Со изборот за член во Управниот или надзорниот одбор им престанува членството во Собранието.Собранието избира Претседател на Собранието,Претседател на Комората кој е и Претседател на Управниот одбор.


Управниот одбор за својата работа одговара пред Собранието.

Надзорот над работењето на Комората го врши Надзорниот одбор кој брои пет члена и извештајот го доставува до Собранието.

Комората има стручна служба со шест вработени  со  која раководи Извршен директор .

Главни цели и задачи на Комората се :

  • Регистар на занаетчии,

  • Регистар на ученици на практична обука,

  • Регистар на мајстори  што значи има едношалтерски систем за отпочнување ,промена и престанок на вршење на занаетчиска дејност,

  • Советување при отпочнување на бизнис

  • Тековно советување на своите членови за нивните права и обврски,

  • Правна заштита,

  • Даночно советувење,

  • Обуки за стекнување на вештини и компетенции за занетчиски струки и профили,

  • Обуки за мајстори и спроведување на испити за мајстори и издавање на мајсторски дипломи,

  • Создавање на услови и клима за развој на занаетчиството како социјални партнери на државата

  • Имплементација на ХАЦЦП

  • Систематски преглди и прва помош

Извршниот директор го избира и разрешува Управниот одбор и тој за своето работење одговара на Претседателот  и Управниот одбор.

Вработените за своето работење одговараат пред Извршниот директор.

  • Практики на финансиско раководење

Комората се финансира еден мал дел од чланарина,а во најголем дел од надомест за извршени услуги и проекти.Голем дел од проектите ги реализира со сопстевен средства,но реализира проекти и со донации или грантови.

Донатори на досега реализираните проекти се ЕУ/ЕАР , Занаетчиска комора Кобленц Германија и др.