Реализација на обука за фризер I ниво со финансиска подршка од Здружение на граѓани СОС-Детско Село Македонија

Занаетчиската комора Скопје во временскиот период од 25.09.2017 до 31.01.2018 година реализираше стручна обука за зајакнување на вештини од областа на побаруваните занимања на пазарот на трудот за занимањето фризер финанскисиски подржани од Здружение на граѓани СОС-Детско Село Македонија, преку проект Социјална инклузија ни економско јакнење на млади и млади семејства во ризик преку мерки за генерирање на приходи .

Обуката се реализираше во текот на 4 (четири) месеци обука во рамки на  програма за образование на возрасни верифицирана преку Министерство за образование и наука на РМ и Центар за образование на возраси на РМ, се обучија пет лица кои успешно го поминаа завршниот испит пред испитната комисија.