Занаетчиската комора Скопје учесник на обуката “Дигитализација во занаетчиството” Кобленц, Германија 04-06.2018 година

Во организација на Балканското биро за занаетчиство и мало стопанство од  04-06 февруари 2018 година во Центарот за дизајн, изработка и компетенции на Занаетчиската комора Кобленц се одржа обука со наслов Дигитализација во занаетчиството на која учествуваа претставници на занаетчиски претпријатија од Југоисточна Европа и претставници од Занаетчиски партнерски организации.

Обуката ја водеа германски експерти од Занаетчиската комомора Кобленц  Кристофер Краус  и Ролф Милер, кои што ги објас нија можностите за занаетчиството во времето на дигитализацијата.

Претседателот на Балканското биро за занаетчиство и мало стопанство г-дин Никола Петров им додели признанија на експертите од Занаетчиската комора Кобленц  и ја изрази својата благодарност за пренесување на искуствата и знаењата во коморите во земјите од Југоисточна Европа.

Извршниот директор на Балканското биро за занаетчиство и мало стопанство Емил Василев имаше кратка презентација и ретроспектива за дваесетгодишната работа на проектот и досегашните постигнувања во рамките на проектот и им се заблагодари на експертите од Занаетчиската  комора Кобленц  за нивниот допринос за развој на занаетчиството  во земјите на Југоисточна Европа.