ЗАВРШЕН НАСТАН НА ПРОЕКТ КОНКУРЕНТНОСТ ВО ЗАНАЕТЧИСКИ СЕКТОР И ДОДЕЛУВАЊЕ НА МАЈСТОРСКИ ДИПЛОМИ ЗА СТРУЧНА КВАЛИФИКАЦИЈА МАЈСТОР ФРИЗЕР

На ден 24.04.2018 година во Холидеј Ин се одржа завршниот настан на проектот “Конкурентност во занаетчискиот сектор”, кофинансиран од Министерство за Економија на Република Македонија, реализиран од Занаетчиска комора Скопје. На настанот се доделија плакети на заслужни занаетчии во пет категории и тоа:
1. Категорија занаетчија за животно дело-Боро-Љупчо Кајевиќ
2. Категорија млад истакнат занаетчија-Катарина Дода
3. Категорија успешен занаетчија во модниот дизајн- Ивана Кнез
4. Категорија успешна жена занаетчија-Сузана Митовска, Пекара ВАТАША
5. Категорија успешен занаетчија за 2017 –МБР ДОГАН-Бектеши Фаредин
Во рамките на завршната манифестација се доделија 10 дипломи за мајстор фризер за стручна квалификација мајстор фризер која во Македонската рамка на квалификација е на VБ ниво и е дел од потсредното образование во Р. Македонија.
Исто така на настанот се доделија благодарници за долгогодишна соработка и партнерство на Евелина Парванова соработник од Занаетчиска комора Кобленц Германија и Емил Василев соработник од МББ.
На настанот учествуваа голем број на претставници од државните институции, претставници од средните стручни училишта, регионалните занаетчиски комори , партнерите на Занаетчиската комора Скопје и занаетчии членови на Занаетчиската комора Скопје,
На настанот на присутните се обратија Претседателот на Занаетчиската комора Скопје г-дин Никола Петров, државниот секретар во Министерство за Економија на РМ г-дин Зоран Павловски, државниот советник во Министерство за образование на РМ г-ѓа Наташа Јаневска и Емил Василев од Р. Бугарија долгогодишен соработник на Занаетчиска комора Скопје преку Балканската канцеларија за занаетчиство и мало стопанство во Софија.