Занаетчиска комора Скопје со финансиска подршка од Министерството за Култура на Р. Македонија реализираше проект Креативни работилници преку кој се реализираа следните работилници:
Работилницата за изработка на накит од монистра според предвидената програма за изучување на изработување на традиционалниот Македонски ќустек на почеток пријавените кандидати се запознаваат со неколкуте вида на различни ќустеци кои можат да се изработуваат, материјалите и алатот кој е потребен за нивна изработка. Кандидатите добија коплетен алат и репроматеријал за работа, и обуката се реализираше со успех, се обучија 6 лица за изработка на накит од монистра и техники на ќостек, на кои им беше доделен сертификат за успешно завршената обука. Работилницата за изработка на накит од монистра и техники на ќостек со вкупно 50 часа, се одвиваше 10 дена по 5 часа дневно.
Работилница за изработка на накит од жица со користење на техники на ткаење и плетење на жица и сетирање на камен wire wrapping –Tехниката на ткаење и плетење на жица претставува една од најстарите техники за изработка на накит.
Работилницата за изработка на накит од жица со користење на техники на ткаење и плетење на жица со вкупно 50 часа, се одвиваше 10 дена по 5 часа дневно.
Пријавените кандидати добија комплетен алат за изработка на накит од жица со плетење и ткаење и сетирање на камен, и обуката се реализираше со успех, се обучија 4 лица за изработка на накит од жица со користење на техники на ткаење и плетење на жица и сетирање на камен, на кои им беше доделен сертификат за успешно завршената обука.
Креативна работилница за моден дизајн на накит започна во ноември 2013 година, и во таа работилница беа вклучени четворица изработувачи на накит и тоа од техниките на филигран, монистра и плетење и ткаење на жица кои изработија модерно дизајниран накит. Врз основа на изработени скици од модниот дизајнер и во соработка со изработувачите на накит се изработи модерен накит.