Занаетчиска комора Скопје, со поддршка од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, и проектот на УСАИД за модернизација на инспкциските служби одржа тркалезна маса на тема „Спречување на сивата економија во занаетчискиот сектор“. На тркалезната маса беа донесени заеднички заклучоци и предлог мерки од страна на занаетчиите и инспекциските служби кои ќе бидат доставени до надлежните институции и ќе придонесат за намалување на сивата економија во занаетчискиот сектор.
Во неговиот говор пред присутните, Претседателот на Занаетчиската комора Скопје, истакна дека сивата економија, влијае негативно на занаетчиството
Сивата економија создава незадоволство во занаетчискиот сектор затоа што нелегалните бизниси брзо растат и дејствуваат без никакви давачки, делуваат слободно без никакви контроли и надзори, и претставуваат нелојална конкуренција на регистрираните занаетчии
Свое излагање на тркалезната маса имаа инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот трудов инспекторат, кои ги истакнаа надлежностите во однос на инспекцискиот надзор.
На тркалезната маса свое излагање во панел дискусија имаа и занаетчии претставници од секциитe кои делуваат во Занаетчиска комора Скопје и тоа: фризери, козметичари, пекари, слаткари,металци, автомеханичари, оптичари, креативни занаети, златари, каменоресци, поправка на компјутери, градежници, електромеханичари, сервисери на електрика, фотографи, чевлари и столари кои ги истакнаа проблемите со кои се соочуваат.
Дискусијата помеѓу занаетчиите и инспекторатите која следуваше после официјалните излагање, отвори неколку горливи теми кој го мачат занаечискиот сектор. Првин, занаетчиите беа согласни дека се во загуба поради сивиот сектор, нивните колеги кои работат на „црно” ги спуштаат пазарните цените и ја превземаат работната сила. Дополнително, занаетчиите побараа од инспекторатите да се изменат дел од механизмите со кој се имплементира легислативата, да се подобрат инспекторските служби и да се зголемат нивните надлежности.
Настанот беше покриен од следниве медиуми: