На 28.05.2024 и 29.05.2024 во просториите на Центарот за развој на Јабланички и Пчињски регион,се одржа ДВОДНЕВЕН ПОЧЕТЕН СОСТАНОК НА ПАРТНЕРИ/ТРАНСНАЦИОНАЛНИ СРЕДБИ #1 ВО ЛЕСКОВАЦ СРБИЈА, партнери во проектот Зелен пат – Партнерство за зелен бизнис.
Целта на овој настан е официјализирање на соработката, презентирање и усвојување документи и алатки за управување со проекти. Во работна и пријателска атмосфера, партнерите на проектот, Центар за развој на Јабланичкиот и Пчињскиот регион и Занаетчиската комора Скопје, со потпишување ја официјализираа соработката на проектот Зелен пат – Партнерство за зелен бизнис Договор за партнерство. Формиран е Управен одбор на проектот и усвоени се оперативни документи за непречено спроведување на проектот.
Членовите на Управниот Одбор на проектот го изразија своето големо задоволство од работата на членовите на проектниот тим, партнерската атмосфера што владее помеѓу членовите на проектниот тим и најавија нивна понатамошна поддршка со цел ефективно спроведување на проектот и постигнување високи квалитетни резултати од проектот.