Во Скопје од 02-05 декември 2017, идните 15 фризери мајстори членови на Занаетчиската комора Скопје, се подготвуваа за полагање на практичниот дел од мајсторскиот испит во фризерството под водство на обучувачот фризер мајстор Ансгар Банер од Занаетчиската комора Кобленц Германија.
Обуката за практичниот дел од мајсторскиот испит за фризер се подготвуваше и спроведе во организација на Занаетчиската комора Скопје и Балканската канцеларија за занаетчиство и мало стопанство како координативно тело за проектот Западен Балкан на Занаетчиската комора Кобленц.
Обуката се организираше со цел подготовка на фризерите за мајсторски испит за фризер, кој во Македонија ќе се одржи по прв пат во март 2018 година. Реализацијата на мајсторскиот испит за фризер ќе биде резултат на напорите и залагањата на Занаетчиската комора Скопје во соработка со Министерството за образование и наука на РМ и Центарот за стручно образование на Република Македонија.