ЗАНАЕТЧИИ СО ЗЕЛЕНИ БИЗНИС ИДЕИ

„Филантропија преку зелени идеи“ е годишен конкурс финансиран од Фондот на браќата Рокфелер, кој поддржува развој на мали, локални и зелени, одржливи бизнис идеи во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.
На конкурсот што го објави здружението за социјални иноваци „АРНО“ за аплицирање на идеи/проекти за реализација на зелени бизнис идеи учествуваа двајца занаетчии од Занаетчиска комора Скопје со свои идеи за зелени бизниси кои промовираат традиционална изработка на производи, користат ресурси од локалната заедница и потикнуваат иновативни идеи за развој на животната средина.
Тоа се Марјан и Малинка Стојневи со производство на природен сапун од козје млеко ,,СТОЈНЕВИ,, Миладиновци , според стар семеен рецепт во Миладиновци каде користи козјо млеко од локалното население и користи природни ресурси и Јасмина Главинче ,,ВИЗАРТ,, Скопје со производство на бебе честитка од садлива рачно изработена хартија кое семе може детето да го насади и да го одгледува растението.
На конкурсот беа пријавени 34 зелени бизнис идеи и нашите влегоа во потесниот избор од 11 кои имаа можност да ги презентираат пред комисија и се избраа тројца победници кои ќе учествуваат на регионалниот избор.
Меѓу трите најдобри победи и Јасмина Главинче со нејзината честитка од садлива рачно изработена хартија која ќе се натпреварува на регионален конкурс што се одржува во Маврово Македонија од 18 – 21 јули 2018 и победниците на регионалниот натпревар добиваат по 10.000 USD за реализација на идејата во своите земји.
За тројцата националните победници АРНО обезбеди дополнителна поддршка менторска поддршка ваучери за користење на консултантски услуги од Асоцијацијата за Менаџмент консалтинг МКА 2000.