Настан:ДЕНОВИ НА ФИЛИГРАНСТВО
Место и датум:Скопје Сити Мол ,06-08 мај 2016
Занаетчиската комора Скопје во соработка со Скопје Сити Мол организирајќи ,,Денови на филигранство,, од 06-08 мај 2016 го промовира филигранскиот занает кој претставува дел од нашата култура и традиција ,а филигранскиот накит е спој на филигранските техники и вештини и дизајнот,спој на традиционалното и современото.
На деновите на филигранство ќе се презентираат изработувачи на накит од филигран,накит од монистра ,полудраги и драги камења, оргонит .
Свеченото отварање е 06 мај во 13,00 цасот,а целта на настанот на едно место да се презентира уметноста,креативноста,дизајнот и умешноста на вредните раце на ракотворците кои ја испреплеле традицијата,културата на живеење со современото и модерно живеење и создале накит кој го одзема здивот и ни ги полни нашите очи и душиТие претставуваат уникатен и прекрасен производ за себе или поклон за најмилите и најдрагите.
Со ова промоција сакаме да ја сочуваме традицијата и и културата споена со модниот дизајн.Што е моќта на дизајнот и занаетот.
Многу едноставно.За да го допреме ,видиме,почуствуваме дизајнот,мора занаетот да му даде постоење,изведба,реализација,затоа тие неможат еден без друг.
Со тек на времето се губат традиционални културни вредности меѓу кои спаѓа и филигранот ,но ние од минатото неможе да живееме, треба да се свртиме кон иднината, да ги споиме со современото живеење и да создадеме нови производи со додадена вредност кои ќе влезат во креативната индустрија во земјата и странство.