На 14.11.2024 година Занаетчиската комора Скопје спроведе тркалезна маса на тема: Предлози за мерки за намалување на сивата економија и легализација на дополнителната дејност во занаетчискиот сектор. Во присуство на преставници од повеќе јавни институции меѓу кои и Министерството за Економија, Генералната дирекција на Управата за Јавни приходи, Државниот инспекторат за труд, претставници од Државниот пазарен инспекторат, Агенцијата за подршка на претприемништвото и занаетчии беа презентирани и дискутирани наодите од Анализата за потребите за воведување на дополнителна дејност во занаетчискиот сектор. Во рамките на оваа активност поддржана како дел од Проектот на УСАИД Северна Македонија „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ а имплементиран од Консалтинг за стратешки развој, ЗКСкопје до надлежните институции ќе достави две иницијативи за намалување на сивата економија и три предлог мерки за подршка на женското претприемништво
Занаетчиска комора Скопје обележува 90 години од основањето од далечната 1932 година. На настанот свое обраќање имаа и Министерот за Економија г-дин Крешник Бектеши, министерот за образование г-дин Јетон Шаќири, Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска и Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска. Во рамките на настанот се доделија плакети за занаетчии кои дадоа значаен придонес за занаетчиството.Исто така се доделија и 20 мајсторски допломи за козметичар кои се на VБ ниво во Националната рамка на квалификација.
Одржана Меѓународна конференција за подршка на женското претприемништво во рамки на Проектот Подршка на женското претприемништво за земјите од Западен Балкан и Украина. На настанот беа присутни и претставници од Украина, Црна Гора, Србија, Албанија и Косово. На присутните гости се обратија извршниот директор на ЗККобленц Германија Ралф Хелрих и проект менаџерот Евелина Парванова.На конференцијата претставничката од Министерство за Економија Г-ѓа Сание Исмаили ги презентираше мерките за женско претприемништво и можноста за користење субвенции од страна на жените претприемачи.На настанот се доделија плакети за придонес за развој на стручното образование на мајстор фризер Весна Стефкова, награда за придонес за развој на коморскиот систем на Билјана Стефановска и награда за развој на женското претприемништво на Сузана Блажевска. На меѓународната конференција се одржа панел дискусија на која се разменија искуства помеѓу жените во три земји РСМакедонија, Црна Гора и Албанија.Панелисти беа Наталија Пирова Претседател на секција козметичари, Алда Мула претседателка на комитетот на жени при Занаетчиската комора во Албанија, Едита Даутович претседателка на Здружение на жени Црна Гора и Маја Јовановска сопственик на слаткарница Каке Хаус.На настанот се доделија 18 мајсторски дипломизафризер и козметичар, мајсторскиот испит беше финансиски подржан во рамките на проектот.
Реализирана средба со занаетчии од Занаетчиска комора Целје Словенија со членови на Управниот одбор на Занаетчиска комора Скопје. Претседателот на Занаетчиска комора Скопје - Горан Ристовски се обрати на околу 60 занаетчии од Целје, Словенија на кои им беше презентирана Занаетчиска комора Скопје со можности за соработка помеѓу двете комори во интерес и развој на занаетчиството. Претседателот на Занаетчиската комора Целје на Претседателот на Занаетчиска Комора Скопје додели плакета како благодарност за досегашната и идната соработка помеѓу коморите.