Настани

Zanaetciska Komora Skopje
Одржана тркалезна маса на тема: Предлози за мерки за намалување на сивата економија и легализација на дополнителната дејност во занаетчискиот сектор

На 14.11.2024 година Занаетчиската комора Скопје спроведе тркалезна маса на тема: Предлози за мерки за намалување на сивата економија и легализација на дополнителната дејност во занаетчискиот сектор. Во присуство на преставници од повеќе јавни институции меѓу кои и Министерството за Економија, Генералната дирекција на Управата за Јавни приходи, Државниот инспекторат за труд, претставници од Државниот пазарен инспекторат, Агенцијата за подршка на претприемништвото и занаетчии беа презентирани и дискутирани наодите од Анализата за потребите за воведување на дополнителна дејност во занаетчискиот сектор. Во рамките на оваа активност поддржана како дел од Проектот на УСАИД Северна Македонија „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ а имплементиран од Консалтинг за стратешки развој, ЗКСкопје до надлежните институции ќе достави две иницијативи за намалување на сивата економија и три предлог мерки за подршка на женското претприемништво

Скопје, 14.11.2024
home