Обука на чираци во рамки на проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем

На наше огромно задоволство, 32 млади лица започнаа обука како чираци во 23 фризерски салони во Скопје, Охрид, Прилеп и Битола! Во рамките на проектот на Комората добија комплети од алат и репроматеријал за фризер со кој ќе ја реализиараат деветмесечната обука. Им посакуваме успех во обуката и вработување во фризерските салони на младите лица! Обуката е финансирана преку грант од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

видео

Тркалезна маса со наслов “Спречување на сивата економија во занаетчиството”

Занаетчиска комора Скопје, со поддршка од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, и проектот на УСАИД за модернизација на инспкциските служби одржа тркалезна маса на тема „Спречување на сивата економија во занаетчискиот сектор“. На тркалезната маса беа донесени заеднички заклучоци и предлог мерки од страна на занаетчиите и инспекциските служби кои ќе бидат доставени до надлежните институции и ќе придонесат за намалување на сивата економија во занаетчискиот сектор.
Во неговиот говор пред присутните, Претседателот на Занаетчиската комора Скопје, истакна дека сивата економија, влијае негативно на занаетчиството
Сивата економија создава незадоволство во занаетчискиот сектор затоа што нелегалните бизниси брзо растат и дејствуваат без никакви давачки, делуваат слободно без никакви контроли и надзори, и претставуваат нелојална конкуренција на регистрираните занаетчии
Свое излагање на тркалезната маса имаа инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот трудов инспекторат, кои ги истакнаа надлежностите во однос на инспекцискиот надзор.
На тркалезната маса свое излагање во панел дискусија имаа и занаетчии претставници од секциитe кои делуваат во Занаетчиска комора Скопје и тоа: фризери, козметичари, пекари, слаткари,металци, автомеханичари, оптичари, креативни занаети, златари, каменоресци, поправка на компјутери, градежници, електромеханичари, сервисери на електрика, фотографи, чевлари и столари кои ги истакнаа проблемите со кои се соочуваат.
Дискусијата помеѓу занаетчиите и инспекторатите која следуваше после официјалните излагање, отвори неколку горливи теми кој го мачат занаечискиот сектор. Првин, занаетчиите беа согласни дека се во загуба поради сивиот сектор, нивните колеги кои работат на „црно” ги спуштаат пазарните цените и ја превземаат работната сила. Дополнително, занаетчиите побараа од инспекторатите да се изменат дел од механизмите со кој се имплементира легислативата, да се подобрат инспекторските служби и да се зголемат нивните надлежности.

Настанот беше покриен од следниве медиуми:

Практичен дел од мајсторски испит за фризер

На ден 25.11.2018, недела се реализираше практичен дел од полагање на мајсторски испит за фризер во организација на Занаетчиска комора Скопје.

Програма за вработување на млади лица во рамки на Проектот на УСАИД развој на Деловниот екосистем

Занаетчиска комора Скопје на ден 01.11.2018 година преку проектот  Зголемување на капацитетите за вработување во занаетчискиот сектор и бизнисите во Република Македонија финансиран преку Проект на УСАИД за развој на деловниот Еко систем, започна со реализација на мерката Програма за вработување на млади.

Преку програмата за вработување на млади започнаа со деветмесечна обука за фризер 32 млади лица кај  23 работодавачи фризери, во Скопје, Охрид, Прилеп и Битола.

Во рамките на програмата за вработување на млади беа потпишани 32 договори за чираштво, и од 01.11.2018 година започна да се применува чираштвото која што е составен дел од Законот за занаетчиство.

Реализирана обука за фризер преку Оперативниот план за активни мерки за вработување на МТСП за 2016 година финанскиски подржана од АВРМ

Во периодот мај-август 2016 година преку Образовниот Центар на ЗКСкопје се реализира обука за фризер за 9 долгорочно невработени лица. Обучените лица  се обучија согласно верифицираната програма за фризер од страна на МОН и ЦОВ  и добија државно признати сертификати. Обуката беше финансиски подржана од АВРМ преку Оперативниот план за активни мерки за вработување на МТСП за 2016 година.

ЗАНАЕТЧИИ СО ЗЕЛЕНИ БИЗНИС ИДЕИ

„Филантропија преку зелени идеи“ е годишен конкурс финансиран од Фондот на браќата Рокфелер, кој поддржува развој на мали, локални и зелени, одржливи бизнис идеи во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.
На конкурсот што го објави здружението за социјални иноваци „АРНО“ за аплицирање на идеи/проекти за реализација на зелени бизнис идеи учествуваа двајца занаетчии од Занаетчиска комора Скопје со свои идеи за зелени бизниси кои промовираат традиционална изработка на производи, користат ресурси од локалната заедница и потикнуваат иновативни идеи за развој на животната средина.
Тоа се Марјан и Малинка Стојневи со производство на природен сапун од козје млеко ,,СТОЈНЕВИ,, Миладиновци , според стар семеен рецепт во Миладиновци каде користи козјо млеко од локалното население и користи природни ресурси и Јасмина Главинче ,,ВИЗАРТ,, Скопје со производство на бебе честитка од садлива рачно изработена хартија кое семе може детето да го насади и да го одгледува растението.
На конкурсот беа пријавени 34 зелени бизнис идеи и нашите влегоа во потесниот избор од 11 кои имаа можност да ги презентираат пред комисија и се избраа тројца победници кои ќе учествуваат на регионалниот избор.
Меѓу трите најдобри победи и Јасмина Главинче со нејзината честитка од садлива рачно изработена хартија која ќе се натпреварува на регионален конкурс што се одржува во Маврово Македонија од 18 – 21 јули 2018 и победниците на регионалниот натпревар добиваат по 10.000 USD за реализација на идејата во своите земји.
За тројцата националните победници АРНО обезбеди дополнителна поддршка менторска поддршка ваучери за користење на консултантски услуги од Асоцијацијата за Менаџмент консалтинг МКА 2000.

ТРКАЛЕЗНА МАСА „ПРЕДИЗВИЦИ ВО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЗАНАЕТЧИСТВО ОД ГЛЕДИШТЕ НА ЗАНАЕТЧИИТЕ“

ТРКАЛЕЗНА МАСА
„ПРЕДИЗВИЦИ ВО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЗАНАЕТЧИСТВО ОД ГЛЕДИШТЕ НА ЗАНАЕТЧИИТЕ“
Одржана во Занаетчиска комора Скопје, Дом на занаетчии, ул.Битпазарска бр.12
На ден 13 јуни 2018 година во Занаетчиска комора Скопје се реализираше тркалезна маса на тема Предизвици во имплементација на новиот Закон за занаетчиство од гледиште на занаетчиите. Обраќање на тркалезната маса имаше извршниот директор Снежана Денковска која што ги презентираше новините кои се воведени во новиот Закон за занаетчииство и можните предизвици со кои ќе се соочуваме при имплементација на Законот за занаетчиство.
Проф. д-р Мишо Докмановиќ, проектен менаџер
Пред присутните занаетчии ги воведе и го презентираше проектот.
Проф. д-р Дарко Спасевски,Правен факултет „Јустинијан Први“ Скопје
Презентираше на тема „Компаративни искуства во регулирањето на занаетчиската дејност и научени лекции од РМ. Тимот на Правниот Факултет по завршување на анализата ќе изготви стратегија врз основа на изготвените анализите што недостасува во занаетчискиот сектор со цел подобрување на стопанството во Република Македонија.

Успешен крај на шестмесечната обука за филигранист

Занаетчиска комора Скопје со гордост ги презентира филигранистите кои успешно го положија практичниот дел од завршниот испит за филигранист на ден 21.05.2018 година по завршената шест месечна обука. Тимот на Занаетчиската комора Скопје им посакува успех на младите лица на полето на филигрантството.

ДЕНОВИ НА ФИЛИГРАНСТВО И НАКИТ

Занаетчиската комора Скопје во соработка со Скопје Сити Мол, најавуваат настан кој треба да потсети дека треба да се негува традицијата.

Овој викенд од 4-ти до 6-ти мај на приземјето во Скопје Сити Мол ќе се одржат „Денови на филигранство и накит“, каде што ќе биде претставен и промовиран филигранскиот занает и уникатниот накит кој претставува дел од македонската традиција.

Филигранскиот накит е спој на филигранските техники и вештини и дизајнот, спој на традиционалното и современото – уметничко дело кое ја отсликува нашата култура.

На „Денови на филигранство и накит“ ќе се презентираат многубројни изработувачи на накит од филигран, накит од монистра, полускапоцени и скапоцени камења, оргонит.

Целта на настанот e на едно место да се презентира уметноста, креативноста, дизајнот и умешноста на вредните раце на ракотворците што ја испреплетле традицијата, културата на живеење со современото и модерно живеење и создале нешто единствено и вредно. Филигранскиот накит претставува уникатен и прекрасен украсен објект кој го одзема здивот и е вистинска скапоцена глетка.

Во рамките на тридневниот настан „Денови на филигранствои накит“, заинтерeсираните посетители ќе имаат ексклузивна можност на самото место да видат како се изработува филигранот и да дознаат дел од тајните на овој познат и тежок занает.

Оваа промоција е прекрасен начин да се сочува традицијата и културата споена со модниот дизајн. За да се искуси моќта на кое било занаетчиство, и за да се допре, види и почувствува дизајнот, занаетот мора да му даде постоење, изведба и реализација на дизајнот, па токму и затоа тие не можат еден без друг.

Според организаторите, со тек на времето се губат традиционалните културни вредности меѓу кои се вбројува и филигранот, но бидејќи од минатото не може да се живее, потребно е насочување и фокусирање кон иднината, за да се спојат со современото живеење и за да се создадат и искреираат нови вредни и уникатни производи кои ќе влезат во креативната индустрија во земјата, но и во странство.

ЗАВРШЕН НАСТАН НА ПРОЕКТ КОНКУРЕНТНОСТ ВО ЗАНАЕТЧИСКИ СЕКТОР И ДОДЕЛУВАЊЕ НА МАЈСТОРСКИ ДИПЛОМИ ЗА СТРУЧНА КВАЛИФИКАЦИЈА МАЈСТОР ФРИЗЕР

На ден 24.04.2018 година во Холидеј Ин се одржа завршниот настан на проектот “Конкурентност во занаетчискиот сектор”, кофинансиран од Министерство за Економија на Република Македонија, реализиран од Занаетчиска комора Скопје. На настанот се доделија плакети на заслужни занаетчии во пет категории и тоа:
1. Категорија занаетчија за животно дело-Боро-Љупчо Кајевиќ
2. Категорија млад истакнат занаетчија-Катарина Дода
3. Категорија успешен занаетчија во модниот дизајн- Ивана Кнез
4. Категорија успешна жена занаетчија-Сузана Митовска, Пекара ВАТАША
5. Категорија успешен занаетчија за 2017 –МБР ДОГАН-Бектеши Фаредин
Во рамките на завршната манифестација се доделија 10 дипломи за мајстор фризер за стручна квалификација мајстор фризер која во Македонската рамка на квалификација е на VБ ниво и е дел од потсредното образование во Р. Македонија.
Исто така на настанот се доделија благодарници за долгогодишна соработка и партнерство на Евелина Парванова соработник од Занаетчиска комора Кобленц Германија и Емил Василев соработник од МББ.
На настанот учествуваа голем број на претставници од државните институции, претставници од средните стручни училишта, регионалните занаетчиски комори , партнерите на Занаетчиската комора Скопје и занаетчии членови на Занаетчиската комора Скопје,
На настанот на присутните се обратија Претседателот на Занаетчиската комора Скопје г-дин Никола Петров, државниот секретар во Министерство за Економија на РМ г-дин Зоран Павловски, државниот советник во Министерство за образование на РМ г-ѓа Наташа Јаневска и Емил Василев од Р. Бугарија долгогодишен соработник на Занаетчиска комора Скопје преку Балканската канцеларија за занаетчиство и мало стопанство во Софија.