ПРЕДНОСТИ ДА СЕ РЕГИСТРИРАТЕ КАКО ЗАНАЕТЧИЈА ВО ЗАНАЕТЧИСКИ РЕГИСТАР


Упис, промена и престанок во Регистарот на занаетчии се врши преку едношалтерски систем, едно место, едно лице, еден документ, добивате упис во Регистарот на занаетчии, упис во Централен Регистар, печат, жиро сметка, пријава до инспекциските органи за почеток на дејност (пазарна, трудова и санитарна инспекција), засновање на работен однос, потврда за ослободување од персонален данок за лица што за прв пат отпочнуваат бизнис


Најниска цена за започнување на мал и микро бизнис


Можност за паушално оданочување по барање на занаетчијата за дејности кои се нискодоходовни и немаат вработени, не постои обврска за водење книговодствена евиденција,


Немање обврска за поднесување завршна сметка и немање обврска за фискална каса


Немање обврска за исплата на нето плата освен задолжителни придонеси за социјално осигурувањеОслободување од персонален данок 3 години за оние кои за првпат отпочнуваат сопствен бизнис ,под услов да не престанат со дејноста уште 3 години


Имаат право на неограничен број на вработени и можност за отварање  делови единици,  Комунална такса за реално оданочени занаетчии во износ од 2.400,00денари и за паушално оданочени во износ од 700,00денари;


Можност за времено запирање со работа поради  намален обем на работа,болест, реновирање, подолг годишен одмор, за кој период мируваат обврските за даноци и придонеси;


Член на семејството може да ја врши занаетчиска дејност без исполнување на условите предвидени со Законот за вршење на занаетчиска дејност, а по истекот на тој рок можат да го превземат вршењето на дејноста;


Немање обврска за плаќање данок на добивка;


10пати пониски глоби за сторени прекршоци отколку за ДОО и ДООЕЛ;


Поедноставни елаборати за заштита на животна средина по најповолни цени одобрени од Министерството за заштита на животна средина кои ги изготвува комората;


Систематски прегледи по поволни цени


Немање на обврска за пријавување на работно време во ЦРМ туку занаетчијата сам го пропишува и има обврска да го истакне и да се придржува кон него


Просто сметководство кое може да го водите сами или преку овластен сметководител по пониска цена