Мајсторискиот испит претставува вид постсредно образование со кое кандидатите се стекнуваат со повисоко ниво на образование,VБ ниво од Националната рамка на квалификации и со продлабочени стручни знаења, вештини и компетенции за квалификацијата Мајстор во соодветното занимање.
Занаетчиска комора Скопје е иницијатор за изработка и усвојување на 6(шест) програми за мајсторски испит и тоа:
1.Фризер
2.Козметичар
3.Автомеханичар
4.Пекар
5.Слаткар
6.Масер
Во тек е изработка на програма за мајсторски испит за кроење и шиење
Mајсторскиот испит се состои од четири дела а тоа се:
- Практичен дел
- Стручно-теоретски дел
- Управувачки-правно/економски дел
- Педагошко-андрагошки дел
Секоја програма (дел) се ги содржи следните подрачја:
- Опис на испитот – се опишува детално испитот, видот на задачи, прашања, време, место, организација, ресурси.
- Цел на испитот – одредување кои се целите на посебните испитни програми, односно проверка дали сепостигнатирезултатите од учењето наведени во испитните програми за мајсторскиот испит.
- Испитни подрачја– за секое испитно подрачје се наведуваат резултати од учење и критериуми за оценување на постигнувањата, со посебно внимавање за формулацијата и користените глаголи -табеларен приказ.
- Начин на проверување на постигањата на резултатите од учење – се одредуваат критериуми за оценување како за практичниот дел од испитот така и за теоретските тестови за сите делови од испитот.