УСЛУГИ КОИ ГИ НУДИ ЗАНАЕТЧИСКА КОМОРА СКОПЈЕ
• Регистрација на занаетчии преку едношалтерски систем
• Упис на ТП, ТД (ДОО,ДООЕЛ) во евиденција на вршители на занаетчиска дејност за добивање лиценца
• Заверка на договори за практична обука на ученици кај занаетчии
• Спроведување на постапка за вработување и престанок на работен однос на работници и постапка за ослободување од плаќање придонеси за пропишаната категорија на лица
• Регулирање на пензиски стаж со изготвување на М4 обрасци
• Совети за отпочнување на бизнис, бесплатни правни совети и финансиски и даночни советувања
• Изработка на елаборати за заштита на животна средина за занаетчии по најповолни цени
• Упис, промена, ликвидација и стечај на ТП, ТД (ДОО,ДООЕЛ)
• Спроведување на стечај за занаетчии
• Посредување при изготвување на потребни документи согласно Законот за безбедност и здравје при работа
-Систематски прегледи
-Обуки за прва помош
-Изготвување на проценка на ризик со изјава за безбедност
-План за евакуација и спасување во случај на опасност
• Организирање на деловни средби,учество на семинари, настапи на саеми и базари за своите чле-
нови
• Организирање на обуки за занаетчиски занимања во Центарот за образование на возрасни на Занаетчиска комора Скопје