Занаетчиска комора Скопје согласно Законот за занаетчиство (Сл. Весник на РСМ 215/15) има
јавни овластувања за извршување на следните задачи:
-вршење на уписи, промена и бришење во Занаетчискиот регистар во електронска и хартиена
форма
-издавање и одземање на занаетчиската дозвола
Согласно чл.14 од Законот за занаетчиство (Сл.Весник бр.215/15) занаетчискиот регистар се
води како едношалтерски систем . Преку едношалтерскиот систем се овозможува упис на
занаетчијата во занаетчиски регистар и обединување на сите правно релевантни податоци во
едно решение за остварување на правата на занаетчијата
Преку едношалтерскиот систем се врши:
-Доставување на решение од основниот регистрационен орган-занаетчиската комотра до
Централниот регистар и поднесување пријава за упис во Централниот регистар
-Изготвување и достава на документи за пријава и одјава во Агенцијата за вработување на
РСМ, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија и Фондот за здравствено
осигурување на Македонија
-Изготвување и доставување на документи до надлежните органи согласно со закон
-изготвување и доставување на документи за отварање на жиро сметка по избор на
занаетчијата
-Изготвување и доставување на барање до Управата за јавни приходи за издавање на решение
за ослободување од личен данок на доход
-Изготвување и доставување на барање за паушално одданочување во Управата за јавни
приходи доколку исполнува услови
Барање за упис во занаетчискиот регистар и издавање на занаетчиска дозвола
Барање за престанок на вршење на дејност на занаетчија
Барање за промена во занаетчиски регистар
Барање за пренос на вршење на занаетчиска дејност
Барање за привремено запирање на вршење на дејност
Барање за издавање на занаетчиска дозвола на вршител на занаетчиска дејност
Барање за враќање во поранешна состојба со усогласување
Мајсторскиот испит претставува вид постсредно образование со кое кандидатите се стекнуваат со повисоко ниво на образование,VБ ниво од Националната рамка на квалификации и со продлабочени стручни знаења, вештини и компетенции за квалификацијата Мајстор во соодветното занимање. Занаетчиска комора Скопје е иницијатор за изработка и усвојување на 6(шест) програми за мајсторски испит и тоа:
Во тек е изработка на програма за мајсторски испит за кроење и шиење Mајсторскиот испит се состои од четири дела а тоа се:
Секоја програма (дел) се ги содржи следните подрачја:
Да се пријават во Занаетчиска комора Скопје со пополнување на Пријава за полагање на мајсторски испит и доставување на следните документи:
Пријава за полагање мајсторски испит Сл. Весник на Р. Северна Македонија 36-2008
Диплома за мајсторски испит
Закон за национална рамка за квалификации
Закон за стручно образование и обука
Закон за занаетчиство(Службен весник на Р. Северна Македонија број 215 2015 година)
Правилник за структурата, организацијата и реализацијата на мајсторскиот испит
Правилник за структурата, организацијата и реализацијата на мајсторскиот испит(Службен весник на Р. Северна Македонија број 36 2008 година)
Правилник за изменување и дополнување на правилникот за стручтура, организација и реализација на мајсторскиот испит(Службен весник на Р. Северна Македонија број 200 2018 година)
Еден од предизвиците на пазарот на труд е секако недостигот на квалификуван
кадар со потребни практични вештини и компетенции. Во насока да се
обезбеди иден кадар за стопанството Работодавачите доколку сакаат да земат
ученик на практична обука потребно е да исполнат одредени стандарди во
однос на стручен и друг кадар-ментор, односно да имаат кадар кој е
сертифициран за работа со ученици. Согласно член 13 од Законот за стручно
образование и обука надлежност на комората е организирање и спроведување
на обуките на менторите и издавање на сертификат.
Согласно стандардот за стручен и друг кадар право на учество имаат лица кои
се или работодавачи или вработени лица кај работодавачот во струката, како
и да има најмалку три години работно искуство во дејноста.
Компаниите имаат обврска да организираат практична обука за учениците и
тоа директно на работно место, за што треба да обезбедат соодветни услови -
работна средина, опрема, алати и машини и особено важно – лице ментор кое
ќе ги води учениците низ работниот процес во компанијата.
Новите сертифицирани обучувачи на ментори од компании, ќе треба да се
запознаат образовната законска регулатива, начинот на комуникација со
учесниците во процесот, посебно со учениците, подготовка на планот за
реализација на практичната обука кој треба да биде во корелација со
наставната програма за дадената квалификација, и следењето и вреднувањето
на напредокот на учениците.
Менторите од компаниите понатаму, ќе имаат исклучителна важност во
едукацијата на учениците и нивната стручна подготовка, односно во
стекнувањето на практичните вештини и стручни компетенции од кои најмногу
зависи успешниот настап на младите на пазарот на трудот.
Пријава за ментори
На 17.02.2015 година Занаетчиска комора Скопје како асоцијација која ги здружува
занаетчиите и вршителите на занаетчиската дејност на подрачјето на Град Скопје и се
грижи за создавање услови и рамка за подобри услови за развој на занаетчиството, а
една од приоритетните задачи е создавање кадар за занаетчиите и кадар за
отпочнување сопствен микро бизнис од областа на занаетчиството, изврши промоција
на Центарот за вештини и компетенции.
Бидејќи занаетчиството и стопанството се соочуваат со недостаток на работна сила
која има вештини и компетенции поради што занаетчиите се принудени да ги пријават
работниците кои немаат компетенции и вештини и знаења да им плаќаат придонеси и
даноци,а за тој период да ги обучуваат,што значи губат време и профит. Исто така
имаме голем број невработени лица кои имаат соодветно стручно образование но
немаат практични вештини за вршење на занаетчиска дејност.
Обуките за занаетчиски дејности се со цел учесниците да се стекнат со вештини
и компетенции во областа на стручното образование за вршење на занаетчиски
дејности.
Активностите на Центарот се директно насочени во следење на потребите на
занаетчиите и стопанството . Компаниите на различните настани, средби и состаноци
организирани на ниво на секции групирани по соодвенти или слични дејности , ги
изразуваат своите потреби и проблеми за неквалификуван кадар кој не спремен да се
вклучи во процесот на работа бидејќи нема потребни вештини и компетенции и
применливо теоретско знаење.
Во таа насока, изминатите години, на барање на занаетчиите и следејќи го
пазарот на трудот беа направени бројни истаржувања во делот на работната сила и
врз основа на нив се покажа дека голем дел од компаниите имаат недостиг од
профили од завршено средно стручно образование кои ќе се вклучат во процесот на
работа. Со цел да се задоволат потребите на занаетчиството и стопанството , а во
истиот момент да се помогне на невработените да се стекнат со одредени вештини и
компетенции за полесно да најдат вработување .
Во текот на реализацијата на обуката, во овој центар за обука се стекнуваат со
стручни квалификации, вештини и компетенции за одреден занаетчиски профили со
кои кандидатите стануваат атрактивни на пазарот на трудот како во Република
Македонија, така и на пазарот на трудот во земјите на Европската унија.
Имајќи ги предвид придобивките кои ќе се постигнат со обуката во центарот за
обука произлегува и иницијативата за основање на Центар за обука под назив
“ЗАНАЕТЧИСКА КОМОРА СКОПЈЕ”, од страна на основачот Занаетчиска комора
Скопје.
Цел на основачот е основање на Центар за обука кој ќе ги промовира европските
стандари на квалитетна професионална, стручна обука во која ќе се практикува
демократичноста, инвентивноста, креативноста,индивидуалност и која ќе обезбедува
основа на доживотно учење и обука.
Начинот на работа во Центарот за обука ќе се заснова на развој на личноста и
неговата креативност низ процесот на образование,стекнување на нови применливи
знаења и развивање на вештини и компетенции во професијата,што значи обуките се
индивидулни бидејќи обучувачот го следи неговиот напредок во совладување на
вештините и компетенциите.
Исто така во склоп на манифестацијата промоција на Центарот за вештини и
компетенции на Занаетчиската комора Скопје се доделија првите сертификати за
филигранисти според програма верифицирана од Министерство за образование и
наука на Р.Македонија и Центарот за образование на возрасни
Занаетчиската комора Скопје ги верифицираше посебните програми за возрасни за следните занимања: