ЕРАЗМУЗ+ МАСТЕР 4.0
28 месеци, започнат на 01.09.2019
Мајсторските звања (квалификации) се ценети и признаваат во Европската унија, како и во партнерските земји во проектот: Р. Хрватска, Р. Словенија, Република Северна Македонија и Р. Црна Гора. Мајсторските испити ни овозможуваат унапредување на занимањата, отворање на занаети, вклучување на работодавачите во образовниот процес. Исто така, стекнувањето на звањето мајстор е предност во однос на конкуренцијата затоа што мајсторскиот степен ја нагласува извонредноста и квалитетот на производот и услугата. Р. Хрватска и Р. Словенија имаат долгогодишно искуство во спроведување на мајсторските испити, додека Република Северна Македонија и Р. Црна Гора се движат во таа насока. Во сите земји, мајсторскиот испит има слична структура и се состои од 4 дела: практичен дел, стручно-теоретски дел, дел од економијата и деловните активности и педагошкиот дел. Со оглед на сличностите во спроведувањето на мајсторскиот испит, партнерите на овој проект ќе работат заедно за подобрување на квалитетот на мајсторскиот испит во земјите партнери. Проектот Мастер 4.0 воведува нов пристап за подготовка и спроведување на мајсторски испит. Целта на проектот е да се подобри подготовката и спроведувањето на мајсторскиот испит преку подобрување на прашањата и програмите за испитот и воведување на онлајн платформа за подготовка и спроведување на мајсторските испити. Координатор на проектот е Хрватска занаетчиската комора што го спроведува проектот со партнери од Р. Хрватска Универзитетски колеџ Алгебра, Занаетчиската комора на Словенија, Занаетчиска комора Скопје и Здружение Среќен живот и Занаетчиската комора на Црна Гора Проектот трае 28 месеци, и започна со имплементација на 1 септември 2019 година. Вкупниот износ на одобрени неповратни средства изнесува 215.870,00 евра.
Подготовка на методолошка рамка со упатства за изработка на мајсторски испит. 1. Подготовка на испитни прашања и програма за мајсторски испити • Р. Хрватска – испитни прашања за стручно теоретскиот дел за испити за занимањата фризер, ауто-сервисер и електроинсталатер. • Р. Словенија – испитни прашања за стручно теоретскиот дел за испити за занимањата тесар , ѕидар и електричар. • Република Северна Македонија -испитни прашања за стручно теоретскиот дел за испити за занимањатакозметичар, програма за испити за занимањата за автомеханичар и пекар. • Р. Црна Гора испитни прашања за стручно теоретскиот дел за испити за занимањата кројач за висока мода, програма за испити и испитни прашања за стручно теоретскиот дел за занимање фотограф.
1. Осмислување и изработка на интернет платформа • 3 дела на платфомата- отворен дел, дел за подготовка на испитот и дел за полагање на испитот. 2. Изработка на прирачник за административна употреба на платформата и едукација за употреба на платформата за институции кои спроведуваатмајсторски испити 3. Локализација на платформата на партнерските јазици, внес на прашањата и подготовка за пилотирање. 4. Пилотирање на онлајн платформата • Известување за спроведено пилотирање како почетна точка за понатамошно користење и унапредување на онлајн платформата.
• Ќе се унапреди квалитетот на мајсторскиот испит унапредување на програмите и прашања и усогласување со тековните трендови и технологии • Преку отворениот дел на интернет платформата, клучните информации за мајсторскиот испит ќе станат лесно достапни за пошироката јавност, особено за заинтересираните кандидати • Организациите кои спроведуваат континуирано стручно образование и обука ќе бидат едуцирани во развојот на прашања и програми за мајсторски испити, како и во спроведување на мајсторските испити преку мрежна платформа, со што ќе се зголеми квалитетот, продуктивноста и иновативноста при обезбедување услуги на нивните корисници • Со унапредување на мајсторскиот испит дополнително ќе се промовира образование на возрасни и доживотно учење.
ЕРАЗМУЗ+ МАСТЕР 4.1
18 месеци, започнат на 01.10.2022 година
120,000 евра
Занаетчиска комора Скопје
Хрватска Занаетчиска Комора, Занаетчиска комора на Словенија, Универзитет Алгебра-Хрватска и Институт за комуникациски студии Скопје
Проектот Еразмус + Мајстор 4.1 е продолжување на претходниот проект Master 4.0, овозможувајќи подобрување во стекнување на звањето Мајстор, а воедно и осигурувањето на квалитетот на мајсторските испити. Мајсторските испити обезбедуваат промоција на звањето, предност во однос на конкуренцијата на пазарот на трудот, и препознавањето на квалификацијата во земјите од проектот и Европската Унија.
Во проектот продолжуваме да ја надградуваме онлајн платформата за мајсторски испити, развивање на методологија за испитните програми и каталози според европското искуство.
Општата цел на проектот “Мастер 4.1: Зајакнување на проверувањето на квалитетот и промоцијата на мајсторскиот испит” е подобрување на програмите и процесите за осигурување на квалитетот на мајсторскиот испит и подигање на свеста за мајсторските испити. Нашите главни корисници се комисиите на мајсторските испити со 150 учесници, ученици од стручното образование и 100 занаетчии.
- методологија за развој на програми за мајсторски испити
- Кодекс на однесување на испитни комисии за мајсторски испит
- Едукативно видео
- Вебинари/обуки за комисиите на мајсторските испити
- Обуката за маркетинг кампања на коморите спроведена во сите партнерски земји.
Западен Балкан за женско преприемништво со финансиска подршка од Занаетчиска комора Кобленц Германија
март 2022-мај 2024
Занаетчиска комора Кобленц Германија
Занаетчиска комора Скопје, Занаетчиска комора Призрен, Занаетчиска комора на Албанија, Здружение на жени претприемачки на Црна Гора, Здружение на жени претприемачки на Украина и Здружение на занаетчии Нови Сад,
Партнерскиот проект подржа стручни семинари и тоа:
-Семинари за фризери
-Семинар за козметичари
-Семинар за дизај на накит
-Семинар за дизајн во уметничкото ракотворење
-Семинар за ментор
-Мајсторски испит
Исто така подржа и обуки за вештини кои се потребни при водење на бизнис
-Обука за формирање на цена
-Обука за водење на бизнис
-обука за пристап до финании
ЕРАЗМУЗ+JOINT MENTORSHIP-Заедничко менторство
36 месеци, започнат на 01.10.2022 ќе трае до 30.06.2024 година
Подобрување на квалитетот на стручното образование во партнерските земји
Хрватска Занаетчиска Комора
Занаетчиска комора Скопје, Сеучилиште Ријека, Колеџ Ресита Романија и Универзитет Герарсберген Белгија
1. Подобрување на соработката помеѓу клучните чинители во стручното образование и обука(работодавачите и училиштата)
2. Подобрување на педагошките вештини на менторите-работодавачи во процесите на практична обука
Резултати на проектот:
1. Дизајн и изработка на платформа за комуникација на клучните чинители во процесот на стручно образование и обука
2.Дизајн и подготовка на модули за е-ментор и тренинг програма
3. Маркетинг кампања за улогата на менторот и видео за улогата и значењето на менторот во стручното образование и обука.
Еразмус+ Партнерство за зелен бизнис
18 месеци 01.04.20204-30.09.2024а
Центар за развој на Јабланичко Пчињскиот регион во Р. Србија
Занаетчиска комора Скопје
60.000 евра
Општата цел на проектот е да го поддржи развојот на зелените вештини кај малите и средните претпријатија и ОПБ од Србија и Северна Македонија преку транснационално партнерство, размена, споделување на образовни ресурси и соработка на полето на заеднички развој и тестирање на практични методи и обука за озеленување на бизнисот.
1) обука на обучувачите/едукаторите од организациите за поддршка на бизнисот со нови компетенции (вештини, знаења, ставови) и алатки за озеленување на бизнисот;
2) развие и тестира приспособена методологија за обука, наставни програми и модули за обука за озеленување на бизнисот; 3) поттикнување на зелената транзиција на малите и средни претпријатија и социјално-економските партнери преку размена на најдобри практики и искуства во деловното озеленување.
Главни целни групи на проектот: 20 ОПП (10 од Србија и 10 од Северна Македонија); 2 проектни партнери; 60 мали и средни претпријатија, претприемачи и занаетчии од Србија и Северна Македонија кои работат во секторот преработувачка индустрија (прехранбена индустрија, преработка на дрво, метал, хемиски производи, производство на текстил, облека, преработка на кожа и производство на обувки) и 30 социо-економски партнери (национални , регионални и локални власти, даватели на деловни услуги, образовни и истражувачки институции итн.).
Подобрени компетенции на обучувачи/едукатори од ОБП за обука во областа на деловно позеленување.
Зголемени практични зелени вештини на менаџерите/сопствениците и вработените во МСП.
Најдобри зелени практики за озеленување на претпријатијата промовирани и споделени меѓу земјите опфатени со проектот
Таа занаетчија-зајакнување на жените овозможувајќи им успех
Во рамките на проектот Активност за зајакнување на деловниот екосистем финанисиран од УСАИД
18 месеци од 20.03.2024 до 20.09.2024
Занаетчиска комора Скопје
43.000$
Истражување за потребата од усвојување на правно решение за дополнителна работа за жените Временска рамка: Месеци 1-6 (јануари - јуни 2024)
Организирање на округла маса меѓу заинтересираните страни Државен испекторат за труд, Министерство за економија, Министерство за финансии
Поднесување на две иницијативи до Влада, Министерство за економија, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за финансии (првиот - Предлог за намалување на сивата економија во женското претприемништво и вториот - Предлог за иницијација на дополнителна работа)
- Публикуван извештај од истражувањето и десиминиран;
- Организирана една тркалезна маса со наодите од истражувањето;
- Поднесени две иницијативи до релевантните институции и предложени 2 мерки за женско претприемништво.
Инфо-пулт за женско претприемништво со телефонска линија и онлајн поддршка
Работилници за жени претприемачи за пристап до финансирање и водење бизнис
Работилници за градење на капацитетите на вработените
- Поставен информативен пулт за претприемништво на жените, обезбедувајќи помош на минимум 200 жени
- Успешно завршени 4 работилници за жени претприемачи со вкупно присуство од најмалку 40 учеснички
-Одржани 4 работилници за градење на капацитетите на вработените, и реализирање на обуки на жени претприемачи од страна на вработените во комората
- Најмалку 15 отворени бизниси од жени
Снимање на успешни приказни на жените во занетчиски сектор и промовирање на женското претприемништво
Отворени денови за женско претприемништво
- Објавени 2 видео снимки со успешни приказни, кои ќе имаат минимум 1.000 прегледи
- Одржани 6 отворени денови на женско претприемништво, со учество на најмалку 170 учесници и со позитивни повратни информации.
Зајакнување на младите: градење вештини, креирање иднина
36 месеци од 01.04.2024 до 01.04.2027
Занаетчиска комора Скопје
АСМЕ, АМПЕРСЕНД
287.988,00 евра
Општа цел на предложената акција е да ги опреми младите лица со витални стручни вештини, знаење и перспективи , поттикнувајќи ја нивната способност активно да се вклучи во вработување, самовработување и определби за социјално претприемништво
Специфична цел на проектот
1.Подготовка на активности за вработување на младите и социјално претприемништво
2.Подготовка и испорака на активности за зајакнување на капацитетите на граѓанските организациии кои работат со развој на вештини за стручно образование и обука на учениците во средните стручни училишта
3.Организирање на национален натпревар на стручни вештини