За Нас

Zanaetciska Komora Skopje
Занаетчиска комора Скопје

Занаетчиска комора Скопје е основана е на 24-ти Декември 1932 година во Просветниот дом со територијална надлежност на Вардарска бановина. Формите на организираност низ 92 годишниот период биле различни. Ја среќаваме како комора, како здружение на занаетчиите непосредно по ослободувањето, за потоа во времето на самоуправниот период повторно да го носи името комора.Од 1970 година, формирана е Постојана општинска конференција на самостојните занаетчии. Во почетокот на 1980 година создадено е Здружение на работни луѓе кои вршат стопанска дејност со сопствен личен труд со средства во сопственост на граѓаните на град Скопје Во здружението биле конституирани и работеле 23 секции. Глобално тие активности биле насочени кон создавање подобри услови за работа, организирање и набавка на дефицитарни суровини и материјали, деловен простор, норми и цени на производи и услуги од дејноста. На тој начин секциите ја насочуваат работата на здружението со што се постигнати добри резултати во решавањето на многу прашања. Започнувањето на изградбата на Домот на Занаетчиите ја бележиме во 1988 година. Тоа е дело на скопските занаетчии по пат на солидарни средства, со самопридонес и донаторство за изградба која нуди нови можности за развој не само на малото стопанство. Актуелната организациона поставеност на занаетчиството во Скопје започнува непосредно со осамостојувањето на македонската држава и од 1992 година го носи името Здружение на занаетчии и други самостојни стопанственици на Град Скопје. По 72 години постоење со донесувањето на Законот за вршење на занаетчиска дејност кој стапи на сила на 24-ти Септември 2004 година постојното Здружение на занаетчии и други самостојни стопанственици повторно се трансформира во Занаетчиска комора Скопје.

Занаетчиска комора Скопје

Занаетчиската комора Скопје е самостојна,независна,невладина ,непрофитна асоцијација на занаетчиите во градот Скопје кои се организирани за да бидат соодветен партнер за создавање поволни услови и клима за развој и унапредување на занаетчиството, Занаетчиска комора Скопје е основана 1932 година и постои 92 години како застапник на интересите и гласот на занаетчиите на територија на градот Скопје. Со донесување на Законот за вршење на занаетчиска дејност од декември 2005 година Комората е деловно стручна асоцијација која ги усогласува, застапува и ги штити интересите на своите членови.Занаетчиската комора Скопје работи на подобрување на системот на стручно образование и обука со напори учениците да се здобиваат со формално стручно образование, усогласено со потребите на пазарот, преку соработка меѓу училиштата и работодавачите . Целта на функционирањето на Образовниот центар за занаетчиски занимања во рамките на Занаетчиската комора Скопје е зголемената вработеност и самовработеност на младите лица во занаетчискиот сектор која ќе се постигне преку системски пристап, кој се фокусира на пазарно ориентирана понуда на неформални обуки за стручни вештини и на формално стручно образование и обука, како и на подобрена законска регулатива за формалното и за неформалното стручно образование и обука, како основа за зголемена можност за вработување на младите лица. Занаетчиската комора Скопје е верифицирана институција од страна на Министерството за образование на РСМ за спроведување на мајсторски испити за занаетчиски занимања кои се на VБ ниво во Националната рамка на квалификација и спроведувач на менторски испити во соработка со Центарот за стручно образование и обука на РСМ за работодавачи кои се вклучуваат во процесот на практична обука на учениците во средното стручно образование за занаетчиски занимања. Со донесување на Законот за вршење на занаетчиската дејност во декември 2005 година, комората се стекна со јавно овластување за водење на занаетчискиот регистар на занаетчиите. Со воведувањето на едношалтерскиот систем за регистрација на занаетчиите во 2005 до денес занаетчиите добија целосна подршка и на едно место ја добиваат комплетните документи при основање на бизнис од сите надлежни институции. Исто така добиваат и бесплатно советување за основање на бизнис и подршка во обезбедување потребни дозволи за работа. Комората за своите членови организира стручни семинари преку кои занаетчиите имаат можност да стекнат нови вештини во струката од домашни и странски експерти во областа. Преку сите активности и иницијативи што ги спроведува Занаетчиска комора Скопје значително влијае на подобрување на имиџот на занаетчиството и промоција на можностите кои ги нуди занаетчискиот сектор кај младите луѓе.

Нашата Мисија

Мисија на Занаетчиската комора Скопје е да обезбеди квалитетно занаетчиство,преку квалитетни стручено образовани и оспособени занаетчии со знаења, компетенции и вештини кои нудат квалитетни занаетчиски производи и услуги според потребите на пазарот на трудот,да придонесе за зголемување на стапката на вработеност и да ја подобри ефективноста и конкурентноста на економијата.

Цел

Занаетчиството да стане препознатливо по своите просперитетни, пазарно-ориентирани, иновативни занаетчиски бизниси каде што младите луѓе успешно ја развиваат својата кариера рамо до рамо со своите мајстори

Запознајте го тимот

Претседател на Собрание
Алберт Укајдари
Претседател на Управен одбор
Горан Ристовски
Извршен директор
Анета Атанасовска
Стручен соработник за работа на проекти и меѓународна соработка
Сирма Илијоска-Трифуновска
Стручен соработник за економско работење
Кристина Ивановска
Администратор за Занаетчиски регистар и архивар
Елена Љамова
Административен асистент
Матилда Мердита
Администратор
Милена Љубовски
Технички персонал
Јулијана Георгиевска

Контактирајте Не

Занаетчиска Комора Скопје

ул. Битпазарска бр.12 1000 Скопје, Северна Македонија
Тел: 023237850, 078312141
Емаил: info@zkomora.com.mk

Испратете ни порака

home