Комората е саморганизирана, самоуправна, непрофитна, невладина, занаетчиска организација која нуди подршка и развој на занаетчиите, ги застапува интересите на занаетчиите пред политиката, јавната администрација, други организации од областа на економијата, образованието и науката, јавноста и општеството воопшто преку организиран настап и се вкупен развој на занаетчиството, а не одделно секој занаетрчија како поединец.
Прочитај повеќеМисија на Занаетчиската комора Скопје е да обезбеди квалитетно занаетчиство,преку квалитетни стручено образовани и оспособени занаетчии со знаења, компетенции и вештини кои нудат квалитетни занаетчиски производи и услуги според потребите на пазарот на трудот,да придонесе за зголемување на стапката на вработеност и да ја подобри ефективноста и конкурентноста на економијата.
Занаетчиството да стане препознатливо по своите просперитетни, пазарно-ориентирани, иновативни занаетчиски бизниси каде што младите луѓе успешно ја развиваат својата кариера рамо до рамо со своите мајстори
Занаетчиска комора Скопје во рамките на проектот Youth Empower: Building Skills, Creating Futures поддржан од страна Европска Унија има потреба од Услуга за експертиза – Изработка на 14 програми и критериуми за национален натпревар за вештини. Доколку сте заинтересирани ве молиме да го пополните следниот прашалник и да ни го составите на следниот маил: sirma@zkskopje.org.mk најдоцна до 17.01.2025 до 16.00 часот. Кликнете тука за да го превземете прашалникот.
На 14.11.2024 година Занаетчиската комора Скопје спроведе тркалезна маса на тема: Предлози за мерки за намалување на сивата економија и легализација на дополнителната дејност во занаетчискиот сектор. Во присуство на преставници од повеќе јавни институции меѓу кои и Министерството за Економија, Генералната дирекција на Управата за Јавни приходи, Државниот инспекторат за труд, претставници од Државниот пазарен инспекторат, Агенцијата за подршка на претприемништвото и занаетчии беа презентирани и дискутирани наодите од Анализата за потребите за воведување на дополнителна дејност во занаетчискиот сектор. Во рамките на оваа активност поддржана како дел од Проектот на УСАИД Северна Македонија „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ а имплементиран од Консалтинг за стратешки развој, ЗКСкопје до надлежните институции ќе достави две иницијативи за намалување на сивата економија и три предлог мерки за подршка на женското претприемништво
Занаетчиска комора Скопје обележува 90 години од основањето од далечната 1932 година. На настанот свое обраќање имаа и Министерот за Економија г-дин Крешник Бектеши, министерот за образование г-дин Јетон Шаќири, Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска и Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска. Во рамките на настанот се доделија плакети за занаетчии кои дадоа значаен придонес за занаетчиството.Исто така се доделија и 20 мајсторски допломи за козметичар кои се на VБ ниво во Националната рамка на квалификација.
Занаетчиска комора Скопје во рамките на проектот Youth Empower: Building Skills, Creating Futures поддржан од страна Европска Унија има потреба од Услуга за експертиза – Истражување за постојниот јаз во вештините помеѓу учениците од училиштата за стручно образование и обука и барањата на претприемништвото (социјално) во занаетчискиот сектор и УСЛУГИ за дизајн и печатење на промотивни материјали. Доколку сте заинтересирани ве молиме да го пополните прашалникот што се наоѓа во публикации и да ни го составите на следниот маил: sirma@zkskopje.org.mk најдоцна до 09.05.2024 до 16.00 часот.
Занаетчиска комора Скопје во рамките на проектот Youth Empower: Building Skills, Creating Futures поддржан од страна Европска Унија има потреба од УСЛУГИ за дизајн и печатење на промотивни материјали. Заинтересираните можат да го симнат документот на страната публикации.
Занаетчиска комора Скопје во рамките на проектот Youth Empower: Building Skills, Creating Futures поддржан од страна Европска Унија има потреба од набавка за Истражување за постојниот јаз во вештините помеѓу учениците од училиштата за стручно образование и обука и барањата на претприемништвото (социјално) во занаетчискиот сектор. Заинтерисаните можат да го превземат тендерот од публикации.
АМПЕРСАНД партнер на Занаетчиска комора Скопје во рамките на проектот Youth Empower: Building Skills, Creating Futures поддржан од страна Европска Унија има потреба од УСЛУГИ за експертиза – Креирање на стратегија за дигитален маркетинг и водење на социјални медиуми за АМПЕРСАНД. Доколку сте заинтересирани ве молиме да го пополните прашалник што може да го превземете од публикации и да ни го составите на следниот маил: ampersand.skopje@gmail.com или директно во канцелариите на АМПЕРСАНД на ул.„Партизански Одреди“, бр.8/21 Скопје, не покасно од 31.05.2024 до 16:00 часот.
Креирање на стратегија за дигитален маркетинг и водење на социјални медиуми. За да го превземете документот ве молиме кликнете на публикации.
Едукативно видео за Методологија за осигурување
ул. Битпазарска бр.12 1000 Скопје, Северна Македонија
Тел: 023237850, 078312141
Емаил: info@zkomora.com.mk