ЕДНОШАЛТЕРСКИ СИСТЕМ

Регистрационен оддел во Занаетчиската комора Скопје е задолжен за едношалтерскиот систем на упис, промени и престанок на занаетчиите во Занаетчискиот регистар.
Преку едношалтерскиот систем занаетчијата со поднесување на едно барање преку стручната служба на Занаетчиската Комора Скопје ги обезбедува следните документи за вршење на занаетчиска дејност:


  • Решение за упис во Регистарот на занаетчии што го води Комората како јавно овластување со Закон за вршење занаетчиска дејност како едношалтерски систем

  • Решение од Централен регистар на РМ

  • Добивање даночен број

  • Жиро сметка и картичка од банка по избор

  • Изготвување на печат

  • Засновање на работен однос со пријавување во Агенција за вработување, ФПИО,Фонд за здравствено осигурување

  • Доставување на пријави до Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд и Државен санитарен и здравствен инспекторат