РЕАЛИЗИРАН ПРАКТИЧЕН ДЕЛ ОД МАЈСТОРСКИ ИСПИТ

Реализиран практичен дел од мајсторски испит за козметичар во рамки на Еразмус проектот МАСТЕР 4.0

Реализирано полагање на практичен дел од мајсторски испит за козметичар со првите 20 кандидати мајстори козметичари. Кандидатите реализираа 5 (пет) испитни задачи и тоа класичен третман на лице, депилација, масажа на тело, маникир и педикир пред трочлена комисија во состав: Виолета Марковиќ-мајстор козметичар, Цвете Темова-мајстор козметичар и Лидија Андонова долгогодишен-професор по стручна теорија. Кандидатите покажаа стручност, вештини и компетенции на мајстори во козметиката.