ОПИС НА МАЈСТОРСКИ ИСПИТ

Мајсторискиот испит претставува вид постсредно образование со кое кандидатите се стекнуваат со повисоко ниво на образование,VБ ниво од Националната рамка на квалификации и со продлабочени стручни знаења, вештини и компетенции за квалификацијата Мајстор во соодветното занимање.

Занаетчиска комора Скопје е иницијатор за изработка и усвојување на 6(шест) програми за мајсторски испит и тоа:

1.Фризер

2.Козметичар

3.Автомеханичар

4.Пекар

5.Слаткар

6.Масер

Во тек е изработка на програма за мајсторски испит за кроење и шиење

Mајсторскиот испит се состои од четири дела а тоа се:

  1. Практичен дел
  2. Стручно-теоретски дел
  3. Управувачки-правно/економски дел
  4. Педагошко-андрагошки дел

Секоја програма (дел) се ги содржи следните подрачја:

  1. Опис на испитотсе опишува детално испитот, видот на задачи, прашања, време, место, организација, ресурси.
  2. Цел на испитотодредување кои се целите на посебните испитни програми, односно проверка дали сепостигнатирезултатите од учењето наведени во испитните програми за мајсторскиот испит.
  3. Испитни подрачја– за секое испитно подрачје се наведуваат резултати од учење и критериуми за оценување на постигнувањата, со посебно внимавање за формулацијата и користените глаголи -табеларен приказ.
  4. Начин на проверување на постигањата на резултатите од учењесе одредуваат критериуми за оценување како за практичниот дел од испитот така и за теоретските тестови за сите делови од испитот.