Занаетчиска комора Скопје е место за сите нас . Таа се грижи за голем број на прашања од нашата дејност. Секогаш и навремено.
РЕАЛИЗИРАН ПРОЕКТ КРЕАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ
Занаетчиска комора Скопје со финансиска подршка од Министерството за Култура на Р. Македонија реализираше проект Креативни работилници преку кој се реализираа следните работилници:
Работилницата за изработка на накит од монистра според предвидената програма за изучување на изработување на традиционалниот Македонски ќустек на почеток пријавените кандидати се запознаваат со неколкуте вида на различни ќустеци кои можат да се изработуваат, материјалите и алатот кој е потребен за нивна изработка. Кандидатите добија коплетен алат и репроматеријал за работа, и обуката се реализираше со успех, се обучија 6 лица за изработка на накит од монистра и техники на ќостек, на кои им беше доделен сертификат за успешно завршената обука. Работилницата за изработка на накит од монистра и техники на ќостек со вкупно 50 часа, се одвиваше 10 дена по 5 часа дневно.
Работилница за изработка на накит од жица со користење на техники на ткаење и плетење на жица и сетирање на камен wire wrapping –Tехниката на ткаење и плетење на жица претставува една од најстарите техники за изработка на накит.
Работилницата за изработка на накит од жица со користење на техники на ткаење и плетење на жица со вкупно 50 часа, се одвиваше 10 дена по 5 часа дневно.
Пријавените кандидати добија комплетен алат за изработка на накит од жица со плетење и ткаење и сетирање на камен, и обуката се реализираше со успех, се обучија 4 лица за изработка на накит од жица со користење на техники на ткаење и плетење на жица и сетирање на камен, на кои им беше доделен сертификат за успешно завршената обука.
Креативна работилница за моден дизајн на накит започна во ноември 2013 година, и во таа работилница беа вклучени четворица изработувачи на накит и тоа од техниките на филигран, монистра и плетење и ткаење на жица кои изработија модерно дизајниран накит. Врз основа на изработени скици од модниот дизајнер и во соработка со изработувачите на накит се изработи модерен накит.
креативна работилница
ФОТО СТУДИО 5
ФОТОГРАФ БИМБО
САКАТЕ ДА ОТВОРИТЕ СОПСТВЕН ЗАНАЕТЧИСКИ БИЗНИС?
ЗКС-НАЈБРЗО, НАЈЕФТИНО И НАЈЕДНОСТАВНО!
КВАЛИФИКУВАЊЕ И ПРЕКВАЛИФИКУВАЊЕ
ЗАНАЕТЧИСТВО ЗА СЕ ОКОЛУ НАС
РЕАЛИЗАЦИЈА НА ТВИНИНГ ПРОЕКТ
Реализација на Твининг проект Поддршка на Агенцијата за вработување за спроведувањето на активните мерки и услуги на пазарот на трудот – Моќта на дизајнот и занаетот, од страна на Занаетчиска комора Скопје
Твининг проектот “Поддршка на Агенцијата за вработување за спроведување на активни мерки и услуги на пазарот на трудот“ финансиран од ЕУ, го финансираше проектот “Моќта на дизајнот и занаетот“ реализиран од Занаетчиска комора Скопје.
Покрај земјата корисник, респективни партнери во соработката во овој Твининг проект се Федералната Република Германија и Литванија.
Важна цел на проектот е да пилотира нови начини и нови партнерства со цел да се развијат нови можности за вработувања во земјата. Пилот мерката вклучуваше 15 учесници. Сите тие беа активни работобаратели кои завршија обуката на 3 декември 2015.
Завршниот испит за сите учесници беше организиран на 17 и 18 декември 2015. Б2Б средби со работодавачите беа реализирани на 02.02.2016 година.
Наставните програми на обуката вклучуваа:
100 часа плетење,
100 часа рачно везење,
20 часа обука со моден дизајнер,
и тренинг лекции посветени на претприемништво и алтернативите на претприемништвото.
Во текот на обуката, контакти беа воспоставени со интернационални клиенти од Холандија и Данска
Завршната манифестација ќе се одржи во петок 05.02.2016, во Занаетчиската комора на Скопје.
Целта на овој проект беше да се отворат нови можности во областа на занаетчиството. Притоа, она што беше особено важно во ваков проект, во областа на текстилот е, да ги поврзе ракотворбните знаења, со дизајнерските квалитети.. Занаетчиската комора Скопје и понатаму ќе се вложи за сите учесници да се здобијат со нови шанси за вработување и овој проект да стане самоодржлив и во наредниот период и да се реализираат нови обуки за рачно плетење и везење со моден дизајн.
ДЕНОВИ НА ЗАНАЕТЧИСТВО СКОПЈЕ 2017
Проектот Денови на Занаетчиството Скопје е манифестација која има за цел да ги промовира занаетчиството и неговото значење, да го промовира средното стручно образование и доживотното учење и образованието на возрасни, да го подигне имиџот на занаетчиството и средното стручно образование и неговото значење за создавање квалитетна работна сила на пазарот на трудот, законската рамка за занаетчиството кој се реализираше на ден 27.04.2017 и 28.04.2017 година, во Занаетчиската комора Скопје и Старата Скопска Чаршија.
Со Денови на занетчиството започне и една кампања за промоција на занаетчиството како фактор за економски развој, за зачувување на традицијата и културата на нашата земја, како и можност за квалификација на идниот занетчиски кадар .
ПРОЕКТОТ Денови на Занаетчиството е манифестација која ќе има за цел да ги промовира можностите и услугите кои ги нуди Занаетчиската комора Скопје, како и ќе го доближи занаетчиството до младите луѓе, обичниот граѓанин како и до институциите на системот.
Со почетокот на овие Денови на занетчиството започна и кампања за промоција на занаетчиството како фактор за економски развој, за зачувување на традицијата и културата на нашата земја, како и како можност за квалификација на идниот заанетчиски кадар.
Имиџ кампања за занаетчиството беше реализирана на територијата на град Скопје со информирање за настанот во сите основни училишта и доставување на официјална покана до сите основни училишта за посета на настанот.
На учениците од основните училишта им беше проследена информацијата за можноста за запишување во средните стручни училишта, им беше поделен промотивен материјал, со флаери,пенкала, маици, магнети со логото Занаетчиството нуди перспектива
Манифестацијата ДЕНОВИ НА ЗАНАЕТЧИСТВОТО СКОПЈЕ започна на 27.04.2017 година со конференција во Занаетчиска комора Скопје на тема: Занаетчиството како фактор на одржлив економски развој во Република Македонија.
Учесници на конференцијата беа Државен секретар во Министерството за Економија г-ѓа Анета Димовска, Државен советник во Министерството за труд и социјална политика на Р. Македонија г-ѓа Ленче Коцевска, Претставник на Агенција за Вработување на Р. Македонија г-ѓа Виолета Стојановиќ, Директор на Центарот на Стручно образование Линдита Ќазими и професор во АСУЦ Боро Петрушевски Александар Стрезов.
На 27 и 28.04.2017 се организираше Базар на ракотворби, во Старата Скопска Чаршија на кој базар беа презентирани креативни и уметнички занаети.
Како учесници на настанот беа СУГС Лазар Танев, СУГС Ѓорѓи Димитров, СУГС Лазар Танев, АСУЦ Боро Петрушевски и СУГС Михајло Пупин, кои што извршија презентација на струки и профили во стручното образование.
На манифестацијата се изврши Избор на занаетчија на годината Ќе се избере занаетчија на годината во три категории:
-
Мајстор занаетчија ,со минимум 30 години искуство, златар Ирфан Буши, Златара БУШИ
-
млад занаетчија, со минимум 10 години искуство, Марија Саздова, Кетеринг Тетка БИБЕРЧЕ
-
жена занаетчија со минимум 15 години искуство во самостојно вршење на занаетот, Сузана Блажевска, Козметичко студио АФРОДИТА С