19-21.02.2017 / Обука за фризери во организација на Занаетчиска комора Скопје и Балканското биро за занаетчиство и мало стопанство

Во организација на Балканското биро за занаетчиство и мало стопанство и Занаетчиска комора Скопје од 19-21.02.2017 година се реализираше Обуката за фризери .Обуката се одржи во фризерски салон КУЛ КАТ и активно учество имаа 15 фризери.

Работилницата е организирана во рамки на Проектот на Западен Балкан и се смета како подготвителен настан за мајсторскиот испит.

 Предавач на обуката беше г-дин Ансгарт Банерт. Работилницата ќе биде поделена во два дела.. Првиот ден од обуката започна со краток вовед за фризерството во Германија.

 Обучувачот ги презентираше најновите трендови во фризерството. Вториот ден фризерите имаа имаа практична работа.

На третиот ден од работилницата учесниците имаа задача на свои модели да ги применуваат техниките кои што го научиле од претходните два дена. Работилницата се гледа како на чекор напред во подготовките за мајсторскиот испит кој е најсигурен доказ за квалитетот и квалификација во занаетчиството.

ОБУКА НА ФРИЗЕР НА РОМИ – ПРОЕКТ: ЛОКАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА НА БЕГАЛЦИ И РАСЕЛЕНИ ЛИЦА – EPTISA 136616/IH/SER

Реализација на обука за фризер на роми во рамките на проектот Локална интеграција на бегалци и други раселени лица EPTISA 136616/IH/SER


Занаетчиска комора Скопје реализираше обука за фризер по верифицирана програма од Центарот за образование на возрасни на РМ и Министерство за образование и наука во рамките на проектот Локална интеграција на бегалци и други раселени лица EPTISA 136616/IH/SER. Преку овој подпроект се реализираше обука за 17 лица за фризер , и по завршување на обуката се реализираше завршен испит за фризер пред работодавачи.

На ден 16.06.2017 година на завршниот настан  се доделија сертификати на 17 фризери, обучени преку Образовниот Центар на возрасни при Занаетчиска комора Скопје.

ПРОЕКТ – ПРЕВЗЕМИ АКЦИЈА ЗА ПОДОБРА КОНКУРЕНТНОСТ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Реализација на проектот Превземи акција за подобра конкурентност на пазарот на труд од страна на Занаетчиска комора Скопје во партнерство со Црвен Крст на Р. Македонија финансиран од Европска Унија, во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 (ИПА компонента 4).


Во рамките на проектот „Преземи акција за подобра конкурентност на пазарот на труд“ , кој започна да се реализира на 14 декември 2015 година и заврши 14 август 2017 во вкупно времетраење од 18 месеци ,  согласно со планот за акција се реализираа  обуките за изучување занаетчиски занимања за 35 невработени лица социјално исклучени.

Со започнувањето на обуките се означи и почетокот на нова фаза во проектот која за корисниците ќе значи чекор поблиску до остварување на нивната цел – стекнување на сертификат за изучен занает и воедно можност за долгорочна промена на моменталната состојба, посебно на пазарот на труд. На почетокот на овој процес се даде важност на воспоставување на добра комуникација помеѓу занаетчиите, тимот од социални работинци, психологот и корисниците како и градење на меѓусебен професионален однос.

Паралелно со овие обуки течеа и работилниците за личен раст и развој кои истовремено допринесуваат  за зајакнување на нивните капацитети и градење на професионална личност. За време на сите тековни активности, тимот од социјални работници и психолог постојано се во комуникација со корисниците следејќи ги нивните потреби и делувајќи преку давање на психосоцијална поддршка.

По завршување на обуките, 38 корисници  на 29 јуни 2017 на завршниот настан кој се одржа во Музеј на град Скопје 35 корисници добија сертификати за 13 занаети и тоа за фризер, козметичар за нега на лице и тело, шминкер и декорација на нокти, слаткар,  пекар,  декорирање на настани и уредување на ентериери, фотограф, рачно везење и плетење, кроење и шиење, филигранист, бравар, клучар и столар. На завршната манифестација беа презентирани резултатите од реализираниот проект

Овој проект го реализира Црвениот крст на Република Македојнија во партнерство со Занаетчиска комора Скопје и е финансиран од Европска Унија, во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 (ИПА компонента 4).

ЕУ-ПРОЕКТ – ОБУКИ ЗА ЗАНИМАЊА ПОБАРУВАНИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Обуки за занимања побарувани на пазарот на труд-ЕУ проект : Подршка на вработување на млади луѓе, долгорочно невработени и жени   Реф. Број. 43749/1-5.4.4


Занаетчиска комора Скопје во соработка со Сервисен конгресен центар со финансиска подршка од АВРМ преку проект Подршка на вработување на млади луѓе, долгорочно невработени и жени(Реф.број. 43749/1-5.4.4), реализира Обука за монтер и инсталатер на соларни панели, филигран и козметичар за нега на лице и тело  на млади долгорочно невработени лица.Преку оваа програма се обучуваат вкупно 14 (четиринаесет) долгорочно невработени лица за монтер и инсталатер на соларни панели, 8 (осум) лица за козметичар за нега на лице и тело и 8 (осум)лица за изработка на накит од филигран.

ОБУКА ЗА ФИЛИГРАН ПРЕКУ ОПЕРАТИВНИОТ ПЛАН ЗА АКТИВНИ МЕРКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА МТСП

Реализација на обука за филигран  преку Оперативниот план за активни мерки за вработување на МТСП за 2016 година финансиски подржана од АВРМ


Во временскиот периодот септември-декември  2016 година преку Образовниот Центар на ЗКСкопје се реализира обука за изработка на накит од филигран за 8 (осум)   долгорочно невработени лица. Кандидатите се обучуваат  согласно верифицираната програма за филигран од страна на МОН и ЦОВ . Обуката беше финансиски подржана од АВРМ преку Оперативниот план за активни мерки за вработување на МТСП за 2016 година.

 

ПРОЕКТ – ОБУКА ЗА ФРИЗЕР И КОЗМЕТИЧАР IOM SK PO77/16

Реализација на обука за фризер  и козметичар преку проект  “Вработување на роми преку развој на вештини и одржување интеграција на пазарот на труд посебно на жени ромки” IOM SK PO77/16


Занаетчиската комора Скопје  реализираше  стручните обуки за зајакнување на вештини од областа на побаруваните занимања на пазарот на трудот за занимањето фризер 1 ниво и козметичар за нега на лице и тело .

Главна цел на програмата за обука на Фризер 1  ниво и козметичар за нега на лице и тело е стекнување на вештини и компетенции за фризер со цел подобро да се снаоѓаат на пазарот на трудот и полесно наоѓање на работа или самовработување.

Се обучуваат вкупно 15 кандидати за фризер 1 ниво , и 14 за козметичар за нега на лице и тело за млади жени ромки. Кандидатите по завршување на обуката реализираа завршен испит пред работодавачи  и тие што ќе го положија испитот  се здобија со  сертификат за фризер 1 ниво или козметичар за нега на лице и тело.

Подпроектот беше спроведен во рамките на проектот Вработување на роми преку развој на вештини и одржување интеграција на пазарот на труд посебно на жени ромки IOM SK PO77/16.

ПРОЛЕТЕН БАЗАР НА ДОМАШНИ РАКОТВОРБИ 2017

Врз основа на Програмата за финансирање на проекти за развој на занаетчиство, угостителство и трговија на Град Скопје за 2017 година, Занаетчиска комора Скопје аплицираше на распишаниот конкурс за реализација на проекти за развој на занаетчиството, угосителството, трговијата и туризмот на Град Скопје за 2017 година и согласно потпишаниот договор помеѓу Град Скопје и Занаетчиска комора Скопје за регулирање на правата и обврските помеѓу Град Скопје бр.08-2290/1 од 24. 03.2017 година  и Корисникот за реализација на проектот Пролетен базар на домашни ракотворби го доставуваме завршниот извештај за реализација на проектот.Врз основа на Програмата за финансирање на проекти за развој на занаетчиство, угостителство и трговија на Град Скопје за 2017 година, Занаетчиска комора Скопје аплицираше на распишаниот конкурс за реализација на проекти за развој на занаетчиството, угосителството, трговијата и туризмот на Град Скопје за 2017 година и согласно потпишаниот договор помеѓу Град Скопје и Занаетчиска комора Скопје за регулирање на правата и обврските помеѓу Град Скопје бр.08-2290/1 од 24. 03.2017 година  и Корисникот за реализација на проектот Пролетен базар на домашни ракотворби го доставуваме завршниот извештај за реализација на проектот. Манифестацијата Пролетен базар на домашни ракотворби се одржа на 19 и 20 мај 2017 година на плоштадот Филип Втори и истата беше пропратена со прогласувањето на наградените занаетчии – учесници на јавниот конкурс за избор на најавтентичен сувенир на Град Скопје. Основна цел на оваа дводневна манифестација е промовирање и негување на занаетчиството како значаен сегмент на нашето општество, со посебен акцент на уметничкото занаетчиство. Домашното ракотворење и уметничкото занаетчиство , не случајно беа избрани како целна група, бидејќи тие се оној дел од занаетчиството кој полека но сигурно го буди интересот на младите. Не само што нудат можност за вработување на младите лице, туку и им овозможуваат преку своите творби да го изразат својот талент и и креативност.  Стручната служба во Занаетчиска комора Скопје беше активно вклучена во текот на подготовките за реализација на проектната идеја и беа реализирани сите предвидени активности. На ден  17.05.2017  година се одржа избор на најавтентичен сувенир. Изборот го изврши Комисија во состав: г-ѓа Елена Љутикова моден креатор Ателје ЉУТИКОВА, г-ѓа Билјана Стојмановска-член (претставник од Град Скопје), г-ѓа Анета Атанасовска-член (претставник од Занаетчиска комора Скопје). Изборот се изврши од следниве пријавени кандидати:

1. Златко Китановски –Модни додатоци ВУДИС
2. Јасмина Главинче- ВИЗАРТ
3. Шадија Дервишевиќ – ВУЛ АРТ
4. Елена Поповска-МАЈ ПРЕШС
5. Станка Ѓурчевска ЕЛИ С Акцесорис
6. Коста Галиманоски
7. Кристина Хаџиевска-КСАНТИКА
8. Андријана Андреева-АНИ СОРО
9. Хедија Николиќ-ХЕДИ

Комисијата ги разгледа сите деветмина пријавени кандидати  и ја донесе следнава одлука:

1. Прво место – Кристина Хаџиевска-КСАНТИКА со изработена кујнска даска од дрво со логото на Град Скопје
2. Второ место- Златко Китановски –Модни додатоци ВУДИС за изработена лептир машна од дрво со мотиви од Скопје
3. Трето место- Елена Поповска-МАЈ ПРЕШС , ѓердан со ружа изработен од бакар

Почетокот на манифестацијата Пролетен базар на домашни ракотворби го одбележа поздравното обраќање на Претседателот на Занаетчиска комора Скопје г-динот Никола Петров, кој изрази големо задоволство од вземните напори на комората и градот Скопје , за афирмирање и анимирање на бројните занаети.На присутните им се обрати и градоначалникот на Град Скопје, г-динот Коце Трајановски. Тој укажа на значењето кое занаетчиството го има за ова поднебје, и на значењето на занаетчиството како дел од стопанството во Р. Македонија, исто така истакна дека манифестацијата Пролетен Базар традиционално се одржува подолго време во соработка со Занаетчиската комора Скопје.По обраќањето на претставниците од овие две институции, Извршниот директор на Занаетчиската комора Скопје  пристапи кон прогласување на учесниците кои ги освоија првите три места од распишаниот конкурс за изработка на најавтентичен сувенир на Град Скопје. На наградените учесници им беа доделени признанија со  ваучери со парични награди.Просторот на плоштадот Филип Втори заедно со тезгите, беа декорирани и исполнети со бројни производи кои се израз на креативноста на занаетчиите.Просторот беше збогатен со голем банер со испишан наслов  Пролетен Базар на домашни ракотворби.За квалитетна реализација на Проектот Занаетчиска комора Скопје успеа да се реализира медиумската поддршка. За таа цел пред одржување на манифестацијата, се реализираа организирани настапи на телевизиските медиуми со цел информирање на пошироката јавност за одржување на манифестацијата.Се настапи во МТВ Утринска програма  на 19.05.2017 каде гостин во утринската програма беше  Анета Атанасовска –стручен соработник во ЗКСкопје го најави Пролетниот Базар, и во Телма во утринската програма настапи извршниот директор Снежана Денковска, на 22.05.2017 година каде пошироката јавност беше информирана за реализираната  манифестацијата.Занаетчиската комора Скопје обезбеди професионален фотограф за изработка на фото запис, кој го доставуваме до Град Скопје заедно со завршниот (финансиски и програмски извештај) и програмата ја збогати со музички дел од труото 4 Стрингс, кои направија пријатна атмосфера на Базарот.

Наталија Пирова (козметичар)

Да се биде член на Занаетчиската комора Скопје е од голема полза. Навремената  информираност е значајна предност за нас

Марина Илиќ

Големиот број на активности и организирани настани од страна на Занатечиската комора Скопје се значајни за нашите успеси.

Тони Тошев

Широката палета на услуги од страна на Занаетлиската комора Скопје е од голема помош за функционирањето на нас занаетчиите.