Интернационален Саем за житна индустрија-WORLD MILL TECH 2018

Ве известуваме дека од 29.0301.04.2018 година во Истанбул  ќе се одржи  интернационален саем за житна индустрија.

АДОНИС ГРУП  во соработка со ТУЈАП ФЕРС и Занаетчиска комора Скопје Ве канат  да го посетите саемот од 29.03-31.03.2018.

Адонис  Ви овозможува поврзување,а со тоа и развивање на вашата дејност со реномирани турски компании.

Саемот ќе Ви овозможи размена на искуства и нови приоди во сверата на житната индустрија.

На саемот   посетителите ќе имаат можност да видат:

-Опрема и производствени технологии за брашно и житарици,складирање,пакување,контрола и мерки,лабараториски испитувања и тестови и др.

Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија.

 АДОНИС ГРУП организира ,сместување во реномиран хотел со 4 или 5 звезди од две ноќевања со доручек,трансфер од хотелот до саемот.

Посетителот ги покрива патните трошоци и 35 евра за административни трошоци.

 Правиме резервации на авионски билети!

 Не е дозволена посета на малолетни деца и лица што не се вработени во Компанијата.

Доколку хотелот се наоѓа во близина на аеродром,трансфер нема да има!

За повеќе информации за WORLD MILL TECH 2018 посетета ја веб страната http://worldmilltech.net/en/

 

Занаетчиската комора Скопје ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 15.03.2018 година.

 

 

 

Пријавен лист

 

 

Лице за контакт

 

Снежана Денковска                                                                                                                    Анета Атанасовска
Извршен Директор                                                                                                                     Стручен соработник

Tel./Fax:: +389 (0)2 3237-850                                                                                                              Tel./Fax:: +389 (0)2 3237-850
E-mail: snezana.denkovska@zkomora.com.mk                                                                                 E-mail: info@zkomora.com.mk
mobile: +389 (0)71 991-981                                                                                                                    mobile: +389 (0)78 31 21 34

Новогодишнен Базар во Градски Трговски Центар

 

Новогодишнен Базар во Градски Трговски Центар 2018 во организација на Занаетчиска комора Скопје и Здружение на стопанственици на деловен простор во ГТЦ

Занаетчиската комора Скопје учесник на обуката “Дигитализација во занаетчиството” Кобленц, Германија 04-06.2018 година

Во организација на Балканското биро за занаетчиство и мало стопанство од  04-06 февруари 2018 година во Центарот за дизајн, изработка и компетенции на Занаетчиската комора Кобленц се одржа обука со наслов Дигитализација во занаетчиството на која учествуваа претставници на занаетчиски претпријатија од Југоисточна Европа и претставници од Занаетчиски партнерски организации.

Обуката ја водеа германски експерти од Занаетчиската комомора Кобленц  Кристофер Краус  и Ролф Милер, кои што ги објас нија можностите за занаетчиството во времето на дигитализацијата.

Претседателот на Балканското биро за занаетчиство и мало стопанство г-дин Никола Петров им додели признанија на експертите од Занаетчиската комора Кобленц  и ја изрази својата благодарност за пренесување на искуствата и знаењата во коморите во земјите од Југоисточна Европа.

Извршниот директор на Балканското биро за занаетчиство и мало стопанство Емил Василев имаше кратка презентација и ретроспектива за дваесетгодишната работа на проектот и досегашните постигнувања во рамките на проектот и им се заблагодари на експертите од Занаетчиската  комора Кобленц  за нивниот допринос за развој на занаетчиството  во земјите на Југоисточна Европа.

НОВОГОДИШЕН БАЗАР – РАМСТОР

 

Почитувани

Ве покануваме на Новогодишниот Базар во Рамстор од 20-24 декември 2017 година во организација на Занаетчиска комора Скопје и ТЦ Рамстор

ДЕНОВИ НА ФИЛИГРАНСТВО

Настан:ДЕНОВИ НА ФИЛИГРАНСТВО

Место и датум:Скопје Сити Мол ,06-08 мај 2016

 

Занаетчиската комора Скопје во соработка со Скопје Сити Мол организирајќи ,,Денови на филигранство,, од 06-08 мај 2016 го промовира филигранскиот занает кој претставува дел од нашата култура и традиција ,а филигранскиот накит е спој на филигранските техники и вештини и дизајнот,спој на традиционалното и современото.

На деновите на филигранство ќе се презентираат изработувачи на накит од филигран,накит од монистра ,полудраги и драги камења, оргонит .

Свеченото отварање е 06 мај во 13,00 цасот,а целта на настанот на едно место да се презентира уметноста,креативноста,дизајнот и умешноста на вредните раце на ракотворците кои ја испреплеле традицијата,културата на живеење со современото и модерно живеење и создале накит кој го одзема здивот  и ни ги полни нашите очи и душиТие претставуваат уникатен и прекрасен производ за себе или поклон за најмилите и најдрагите.

Со ова промоција сакаме да ја сочуваме традицијата и и културата споена со модниот дизајн.Што е моќта на дизајнот и занаетот.

Многу едноставно.За да го допреме ,видиме,почуствуваме дизајнот,мора занаетот да му даде постоење,изведба,реализација,затоа тие неможат еден без друг.

Со тек  на времето се губат традиционални културни вредности меѓу кои спаѓа и филигранот ,но ние од минатото неможе да живееме, треба да се свртиме кон иднината, да ги споиме со современото живеење и да создадеме нови производи со додадена вредност кои ќе влезат во креативната индустрија во земјата и странство.

Сузана Блажевска

Да се биде член на Занаетчиската комора Скопје е од голема полза. Навремената  информираност е значајна предност за нас

УЧЕСТВО НА ЗАНАЕТЧИСКА КОМОРА СКОПЈЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈА БАЛКАНСКА ОГРЛИЦА 2017/19-22 СЕПТЕМВРИ 2017 ПЛОВДИВ, БУГАРИЈА

Занаетчиска комора Скопје  со свој претставник член на комората, филигранистката  Катарина Дода  учествуваше на манифестацијата Балканска огрлица 2017 која се одржа од 19-22 септември 2017 во Пловдив, Бугарија.

Секој учесник од Балканските земји даде свој придонес изготвувајќи елементи во кои беа вклучени традиционалните вредности и симболи на земјата која што ја претставува и сите изработени елементи беа споени во Балканската огрлица.

Организатори на настанот се Општина Пловдив, Балканската канцеларија за занаетчиство и мало стопанство и Регионалната занаетчиска комора Пловдив.

Во изработката на Балканската огрлица активно учествуваа Ана Медарска –Пловдив, Петар Дудулов-Софија, Љубомир Николов-Софија, Петар Кошев-Софија, Катарина Дода-Скопје, Македонија,  Мирослав Стојановиќ- Ниш, Србија, и Нина Престел-Германија.

Балканската огрлица беше изработена во работилницата за изготвување накит од различни материјали во Пловдив  и  беше презентирана на настанот.

Соработка на Занаетчиска комора Скопје со Занаетчиска комора Ниш на полето на филигрантството

Занаетчиска комора Скопје  долги години остварува соработка со Занаетчиска комора Ниш преку Балканската канцеларија за занаетчиство и мало стопанство со седиште во Софија.

Занаетчиството на Балканот има исти или слични проблеми со кои се соочуваме, но и интересот за креативното занаетчиство е на слично ниво.

Во интерес и на соработката на полето креативно уметничко занаетчиство Ивана Митиќ дипломиран биолог од Ниш која покажала особен интерес за филигрантството е на обука во филигрантската работилница во Занаетчиската комора Скопје. Ивана има искуство во изработка со накит од бакар, но интересот кон филигранот е нешто поинакво- истакна Ивана Митиќ.

Според неа изработката на филигранот дава чувство на смиреност и, чувство на креативност и создавање ново дело.

Занаетчиска комора Скопје се надева дека соработката со Занаетчиската комора Ниш  ќе продолжи и во  другите занаетчиски дејности.

.