Обука за практичен дел од мајсторскиот испит

На 17 февруари 2019 година започна обуката за практичен дел од мајсторскиот испит со обучувач Горан Ставревски-мајстор фризер во рамките на Проектот Зголемување на капацитетите за вработување во занаетчискиот сектор финансиран од Проект на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

Реализирање на обуката за обучувачи за пристап до финансии и бизнис алатки

На 16 февруари 2019 година започна обуката за обучувачи за пристап до финансии и бизнис алатки на вработените во Занаетчиските комори Скопје, Куманово и Занаетчиска комора на РМ во рамките на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

Презентација на комуникациската платформа и новата веб страна на секцијата на фризери

На ден 24.01.2019 година беше реализирана презентација на платформата за комуникација на секцијата на фризери при Занаетчиска комора Скопје, како и на новата веб страна наменета за сите регистрирани фризери на територија на Република Македонија www.frizeri.com.mk . Платформата и веб страната се изработени во рамки на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

Теоретски дел од обуката за мајсторски испит за фризер

Во тек се обуките за теоретскиот дел од стручната квалификација за мајстор фризер во Занаетчиска комора Скопје. 2-3 февруари 2019 се деновите во кои се реализира дел од обуката за мајсторски испит со подршка од Проектот на УСАИД за развој на Деловниот екосистем.

Обука за филигран

Обуката за филигран во филигрантската работилница во Занаетчиска комора Скопје октомври 2018-април 2019.

Педагошко андрагошкиот дел од обуката за мајсторски испит за фризер

На 15 декември 2018 започна обуката за мајсторски испит за фризер со педагошко андрагошкиот дел од обуката. Обуката е финансиски подржана од Проект на Усаид за развој на деловниот екосистем. Занаетчиска комора Скопје им посакува успех на идните мајстори.

Новогодишни базари

По повод новогодишните и Божиќните празници, во организација на Занаетчиска комора Скопје, се одржаа два новогодишни базари и тоа во Градски Трговски Центар (од 25 до 31 декември 2018) и Трговски центар РАМСТОР (од 20-24 декември).

Обука на чираци во рамки на проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем

На наше огромно задоволство, 32 млади лица започнаа обука како чираци во 23 фризерски салони во Скопје, Охрид, Прилеп и Битола! Во рамките на проектот на Комората добија комплети од алат и репроматеријал за фризер со кој ќе ја реализиараат деветмесечната обука. Им посакуваме успех во обуката и вработување во фризерските салони на младите лица! Обуката е финансирана преку грант од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

видео

Тркалезна маса со наслов “Спречување на сивата економија во занаетчиството”

Занаетчиска комора Скопје, со поддршка од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, и проектот на УСАИД за модернизација на инспкциските служби одржа тркалезна маса на тема „Спречување на сивата економија во занаетчискиот сектор“. На тркалезната маса беа донесени заеднички заклучоци и предлог мерки од страна на занаетчиите и инспекциските служби кои ќе бидат доставени до надлежните институции и ќе придонесат за намалување на сивата економија во занаетчискиот сектор.
Во неговиот говор пред присутните, Претседателот на Занаетчиската комора Скопје, истакна дека сивата економија, влијае негативно на занаетчиството
Сивата економија создава незадоволство во занаетчискиот сектор затоа што нелегалните бизниси брзо растат и дејствуваат без никакви давачки, делуваат слободно без никакви контроли и надзори, и претставуваат нелојална конкуренција на регистрираните занаетчии
Свое излагање на тркалезната маса имаа инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот трудов инспекторат, кои ги истакнаа надлежностите во однос на инспекцискиот надзор.
На тркалезната маса свое излагање во панел дискусија имаа и занаетчии претставници од секциитe кои делуваат во Занаетчиска комора Скопје и тоа: фризери, козметичари, пекари, слаткари,металци, автомеханичари, оптичари, креативни занаети, златари, каменоресци, поправка на компјутери, градежници, електромеханичари, сервисери на електрика, фотографи, чевлари и столари кои ги истакнаа проблемите со кои се соочуваат.
Дискусијата помеѓу занаетчиите и инспекторатите која следуваше после официјалните излагање, отвори неколку горливи теми кој го мачат занаечискиот сектор. Првин, занаетчиите беа согласни дека се во загуба поради сивиот сектор, нивните колеги кои работат на „црно” ги спуштаат пазарните цените и ја превземаат работната сила. Дополнително, занаетчиите побараа од инспекторатите да се изменат дел од механизмите со кој се имплементира легислативата, да се подобрат инспекторските служби и да се зголемат нивните надлежности.

Настанот беше покриен од следниве медиуми:

Практичен дел од мајсторски испит за фризер

На ден 25.11.2018, недела се реализираше практичен дел од полагање на мајсторски испит за фризер во организација на Занаетчиска комора Скопје.