Занаетчиска комора Скопје заедно со партнерите Асоцојација на мали и средни претпријатија на Македонија и Асоцојација на граѓани АМПЕРСАНД Скопје- Центар за развој на вештини и компетенции започнаа со имплементација на проектот Зајакнување на младите: Градење на вештини, креирање иднина/ Youth Empower: Building Skills, Creating Futures.
Времетрање на проектот е 34 месеци со почеток од 01.04.2024. Вредност на проектот е 287,988.48 евра финансиран од Европска комисија
Главната цел на проектот е да ги опреми младите со круцијални стручни вештини, знаења и перспективи, поттикнувајќи ја нивната способност активно да се вклучат во вработување, самовработување и социјални претприемнички определби.
Проектот ќе ги постигне своите специфични цели со воведување на нови пристапи и соработка помеѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор со цел да се поддржат младите во:
- развој на вештини за вработливост (СЦ1);
- да се подобрат способностите и експертизата на граѓанските организации (ГО) и институции за стручно образование и обука (СОО) ангажирани во развој на младите, остручени да обезбедат вештини според нивните потреби, вклучувајќи стручни, претприемништво и социјални претприемнички вештини (СЦ2) и
- да се зајакне растот на младинското претприемништво, занаетчиството,и социјални иновации преку насочени механизми за поддршка, а со тоа промовирање одржлив социо-економски напредок и зајакнување на улогата на младите во поширокиот развој на заедницата.