ПРОЛЕТЕН БАЗАР НА ДОМАШНИ РАКОТВОРБИ 2017

Врз основа на Програмата за финансирање на проекти за развој на занаетчиство, угостителство и трговија на Град Скопје за 2017 година, Занаетчиска комора Скопје аплицираше на распишаниот конкурс за реализација на проекти за развој на занаетчиството, угосителството, трговијата и туризмот на Град Скопје за 2017 година и согласно потпишаниот договор помеѓу Град Скопје и Занаетчиска комора Скопје за регулирање на правата и обврските помеѓу Град Скопје бр.08-2290/1 од 24. 03.2017 година  и Корисникот за реализација на проектот Пролетен базар на домашни ракотворби го доставуваме завршниот извештај за реализација на проектот.Врз основа на Програмата за финансирање на проекти за развој на занаетчиство, угостителство и трговија на Град Скопје за 2017 година, Занаетчиска комора Скопје аплицираше на распишаниот конкурс за реализација на проекти за развој на занаетчиството, угосителството, трговијата и туризмот на Град Скопје за 2017 година и согласно потпишаниот договор помеѓу Град Скопје и Занаетчиска комора Скопје за регулирање на правата и обврските помеѓу Град Скопје бр.08-2290/1 од 24. 03.2017 година  и Корисникот за реализација на проектот Пролетен базар на домашни ракотворби го доставуваме завршниот извештај за реализација на проектот. Манифестацијата Пролетен базар на домашни ракотворби се одржа на 19 и 20 мај 2017 година на плоштадот Филип Втори и истата беше пропратена со прогласувањето на наградените занаетчии – учесници на јавниот конкурс за избор на најавтентичен сувенир на Град Скопје. Основна цел на оваа дводневна манифестација е промовирање и негување на занаетчиството како значаен сегмент на нашето општество, со посебен акцент на уметничкото занаетчиство. Домашното ракотворење и уметничкото занаетчиство , не случајно беа избрани како целна група, бидејќи тие се оној дел од занаетчиството кој полека но сигурно го буди интересот на младите. Не само што нудат можност за вработување на младите лице, туку и им овозможуваат преку своите творби да го изразат својот талент и и креативност.  Стручната служба во Занаетчиска комора Скопје беше активно вклучена во текот на подготовките за реализација на проектната идеја и беа реализирани сите предвидени активности. На ден  17.05.2017  година се одржа избор на најавтентичен сувенир. Изборот го изврши Комисија во состав: г-ѓа Елена Љутикова моден креатор Ателје ЉУТИКОВА, г-ѓа Билјана Стојмановска-член (претставник од Град Скопје), г-ѓа Анета Атанасовска-член (претставник од Занаетчиска комора Скопје). Изборот се изврши од следниве пријавени кандидати:

1. Златко Китановски –Модни додатоци ВУДИС
2. Јасмина Главинче- ВИЗАРТ
3. Шадија Дервишевиќ – ВУЛ АРТ
4. Елена Поповска-МАЈ ПРЕШС
5. Станка Ѓурчевска ЕЛИ С Акцесорис
6. Коста Галиманоски
7. Кристина Хаџиевска-КСАНТИКА
8. Андријана Андреева-АНИ СОРО
9. Хедија Николиќ-ХЕДИ

Комисијата ги разгледа сите деветмина пријавени кандидати  и ја донесе следнава одлука:

1. Прво место – Кристина Хаџиевска-КСАНТИКА со изработена кујнска даска од дрво со логото на Град Скопје
2. Второ место- Златко Китановски –Модни додатоци ВУДИС за изработена лептир машна од дрво со мотиви од Скопје
3. Трето место- Елена Поповска-МАЈ ПРЕШС , ѓердан со ружа изработен од бакар

Почетокот на манифестацијата Пролетен базар на домашни ракотворби го одбележа поздравното обраќање на Претседателот на Занаетчиска комора Скопје г-динот Никола Петров, кој изрази големо задоволство од вземните напори на комората и градот Скопје , за афирмирање и анимирање на бројните занаети.На присутните им се обрати и градоначалникот на Град Скопје, г-динот Коце Трајановски. Тој укажа на значењето кое занаетчиството го има за ова поднебје, и на значењето на занаетчиството како дел од стопанството во Р. Македонија, исто така истакна дека манифестацијата Пролетен Базар традиционално се одржува подолго време во соработка со Занаетчиската комора Скопје.По обраќањето на претставниците од овие две институции, Извршниот директор на Занаетчиската комора Скопје  пристапи кон прогласување на учесниците кои ги освоија првите три места од распишаниот конкурс за изработка на најавтентичен сувенир на Град Скопје. На наградените учесници им беа доделени признанија со  ваучери со парични награди.Просторот на плоштадот Филип Втори заедно со тезгите, беа декорирани и исполнети со бројни производи кои се израз на креативноста на занаетчиите.Просторот беше збогатен со голем банер со испишан наслов  Пролетен Базар на домашни ракотворби.За квалитетна реализација на Проектот Занаетчиска комора Скопје успеа да се реализира медиумската поддршка. За таа цел пред одржување на манифестацијата, се реализираа организирани настапи на телевизиските медиуми со цел информирање на пошироката јавност за одржување на манифестацијата.Се настапи во МТВ Утринска програма  на 19.05.2017 каде гостин во утринската програма беше  Анета Атанасовска –стручен соработник во ЗКСкопје го најави Пролетниот Базар, и во Телма во утринската програма настапи извршниот директор Снежана Денковска, на 22.05.2017 година каде пошироката јавност беше информирана за реализираната  манифестацијата.Занаетчиската комора Скопје обезбеди професионален фотограф за изработка на фото запис, кој го доставуваме до Град Скопје заедно со завршниот (финансиски и програмски извештај) и програмата ја збогати со музички дел од труото 4 Стрингс, кои направија пријатна атмосфера на Базарот.