Занаетчиска комора Скопје со свој претставник член на комората, филигранистката Катарина Дода учествуваше на манифестацијата Балканска огрлица 2017 која се одржа од 19-22 септември 2017 во Пловдив, Бугарија.
Секој учесник од Балканските земји даде свој придонес изготвувајќи елементи во кои беа вклучени традиционалните вредности и симболи на земјата која што ја претставува и сите изработени елементи беа споени во Балканската огрлица.
Организатори на настанот се Општина Пловдив, Балканската канцеларија за занаетчиство и мало стопанство и Регионалната занаетчиска комора Пловдив.
Во изработката на Балканската огрлица активно учествуваа Ана Медарска –Пловдив, Петар Дудулов-Софија, Љубомир Николов-Софија, Петар Кошев-Софија, Катарина Дода-Скопје, Македонија, Мирослав Стојановиќ- Ниш, Србија, и Нина Престел-Германија.
Балканската огрлица беше изработена во работилницата за изготвување накит од различни материјали во Пловдив и беше презентирана на настанот.