Во организација на Балканското биро за занаетчиство и мало стопанство од 04-06 февруари 2018 година во Центарот за дизајн, изработка и компетенции на Занаетчиската комора Кобленц се одржа обука со наслов Дигитализација во занаетчиството на која учествуваа претставници на занаетчиски претпријатија од Југоисточна Европа и претставници од Занаетчиски партнерски организации.
Обуката ја водеа германски експерти од Занаетчиската комомора Кобленц Кристофер Краус и Ролф Милер, кои што ги објас нија можностите за занаетчиството во времето на дигитализацијата.
Претседателот на Балканското биро за занаетчиство и мало стопанство г-дин Никола Петров им додели признанија на експертите од Занаетчиската комора Кобленц и ја изрази својата благодарност за пренесување на искуствата и знаењата во коморите во земјите од Југоисточна Европа.
Извршниот директор на Балканското биро за занаетчиство и мало стопанство Емил Василев имаше кратка презентација и ретроспектива за дваесетгодишната работа на проектот и досегашните постигнувања во рамките на проектот и им се заблагодари на експертите од Занаетчиската комора Кобленц за нивниот допринос за развој на занаетчиството во земјите на Југоисточна Европа.