Заштита на личните податоци во Занаетчиска комора Скопје

Занаетчискиот регистар што го води Занаетчиската комора Скопје овозможува регистрација на занаетчија и издавање на занаетчиска дозвола за занаетчија и вршител на занаетчиска дејност.

Законот за заштита на личните податоци му дава право на субјектот на лични податоци да знае кои лични податоци контролорите ги собираат, обработуваат и чуваат за него и дали тие работат законито.

Заштитата за личните податоци во Занаетчиска комора Скопје се остваруваат на два начина:

  1. 1. Занаетчиска комора Скопје мора да се придржува кон принципите за заштита на лични податоци , со кои се гарантира дека истите се:

 

  • Обработуваат согласно со закон
  • Собираат за конкретни, јасни и со закон утврдени цели
  • Обработуваат на начин што е во согласност со тие цели
  • Занаетчиска комора Скопје ги обработува личните податоци , но со Закон утврдени надлежности
  • Соодветни, релевантни и не се преобемни во однос на целите заради кои се собираат и обработуваат
  • Точни, нецелосни и по потреба ажурирани при што ќе се избришат или корегираат податоците што се неточни и нецелосни
  • Обработката на матичниот број на субјектот по претходна согласност на субјектот на личните податоци(занаетчија и вршител на занаетчиска дејност), за остварување на со закон утврдени права или обврски на субјектот на личните податоци и во други случаи утврдени во Закон за занаетчиство

 

2.   Од друга страна субјектот на лични податоци има право:
    ·         Да  биде информиран за идентитетот на контролорот и неговиот претставник  во Република Македонија;
    ·         да оствари увид во збирката на лични податоци;
    ·         да знае кои лични податоци се чуваат за него во електронска или во  хартиена форма;
    ·         да ги знае целите на обработката на неговите лични податоци;
    ·         да ги знае корисниците или категории на корисници на податоците;
    ·         да не се согласи со употребата на податоците за комерцијални цели или нивни пренос на трети лица заради такви цели;
    ·         на пристап и исправка на податоците.

Доколку Ви е одбиено барањето да извршите увид во збирката со лични податоци односно Ви е оневозможено правото на пристап, исправка или бришење на личните податоци, имате право да поднесете барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци до Дирекцијата за заштита на личните податоци.

НАПОМЕНА:  Правата на субјектот на лични податоци се пропишани со член 16,17 и 18 од Законот за заштита на личните податоци (Сл. Весник на РСМ бр. 42/2020).

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Занаетчиска комора Скопје кој ја одржува интернет страницата www.zkomora.com.mk , почитувајќи ги одредбите од Законот за заштита на личните податоци и други прописи е посветен на сочувување на приватноста и заштитата на личните податоци на посетителите на оваа страница.

Колачиња на Интернет пребарувачот

Интернет страницата www zkomora.com.mk  користи колачиња (cookies) за да се зачуваат определени кориснички поставувања со цел поедноставување на интеракцијата со поедини делови на страницата.

Објавување на лични податоци

На интернет страницата www zkomora.com.mk  може да бидат објавени лични податоци, кои по својата природа се најчесто јавни. Доколку субјектот на личните податоци утврди дека податоците се неточни т.е. сака да бидат корегирани или отстранети од интернет страната, може да побара нивно корегирање, односно бришење согласно сo одредбите од Законот за личните податоци.

Согласно Законот за заштита на лични податоци, Занаетчиска комора Скопје , Ве уверува дека податоците оставени на нашата веб-страна нема да бидат злоупотребени, објавени во било каков медиум или споделени со друго трето правно, односно физичко лице.