Посета на 8-мо мартовскиот базар во ГТЦ од страна на високи претставници од УСАИД

Во рамките на 8-мо мартовскиот базар на креативни занаети, кој се одржува во Градскиот трговски центар, беше реализирана посета на базарот од страна на Ненси Годфреј (Програмски Директор на УСАИД) и Едвард Гонзалез (Директор на канцеларијата за општ развој на УСАИД) кои меѓудругото остварија и поединечни средби со учесниците.